Куќата Димитрис се наоѓа на само 120 метри од плажата. Располага со убаво уредени трикреветни и четирикреветни студија. Сите сместувачки единици имаат купатило, опремена кујна, ТВ, тераса. Користење на клима уредот, сигнал за бежичен интернет, за чија брзина агенцијата не може да гарантира и сет пешкири по смена, се вклучени во цената. Објектот се наоѓа во мирен дел опкружен со зеленило и со двор од преку 3.000м2. Поседува и сопствен паркинг. Во градината има опрема за скара, која е достапна за гостите, каде што има и трпезарија на отворено, летниковци и бесплатни лежалки на тревникот. Објектот е со години омилена дестинација на Македонците.
Туристичката такса се плаќа во агенција при резервација и истата изнесува 2 евра на ден по сместувачка единица!
1/3 Студија број 32, 34 и 36 – Втор кат – голема зграда
Располагаат со француски кревет + 1 стандарден единечен кревет. Студијата имаат кујна со сите потребни елементи (мал фрижидер, решо и електричен бокал за вода), клима, ТВ, фен, купатило со туш и сушара. Овие студија гледаат кон задниот дел на куќата и имаат помали тераси опремени со маси и столови.
1/3 Студија број 24, 25, 26 и 29 – голема зграда
Располагаат со брачен кревет + 1 стандарден единечен кревет. Студијата имаат кујна со сите потребни елементи (мал фрижидер, решо и електричен бокал за вода), клима, ТВ, фен, купатило со када и сушара.
Студиото број 24 се наоѓа на приземје и има своја тераса опремена со маса и столови и гледа кон дворот на куќата.
Студијата со број 25, 26 и 29 се на прв кат. Број 29 има своја тераса, а 25 и 26 имаат заедничка тераса. Опремени се со маси и столови и гледаат кон влезот на каќата.
1/3 Студија број 31, 33, 35, 37 и 38 – Втор кат – голема зграда.
Располагаат со француски кревет + 1 стандарден единечен кревет. Студијата имаат кујна со сите потребни елементи (мал фрижидер, решо и електричен бокал за вода), клима, ТВ, фен, купатило со туш и сушара.
Студијата 31, 33 и 35 гледаат кон патот кој води кон градината на куќата и имаат поголеми тераси опремени со маси и столови.
Студијата 37 и 38 гледаат кон влезот на куќата и имаат најголеми тераси опремени со маси и столови.
1/3+1 Студија број 22, 23, 27 и 28 – голема зграда.
Располагаат со брачен кревет, 1 стандарден единечен кревет + софа на извлекување.
Студијата имаат кујна со сите потребни елементи (мал фрижидер, решо и електричен бокал за вода), клима, ТВ, фен, купатило со када и сушара.
Студијата број 22 и 23 се наоѓаат на приземје, имаат сопствена тераса со маса и столови и гледаат кон дворот, број 27 и 28 се наоѓаат на прв кат, имаат своја тераса со маси и столови и гледаат кон дворот на куќата.
1/3 студија 39 и 40 – Приземје – мала зграда
Располагаат со брачен кревет+ 1 стандарден единечен кревет. Студијата имаат нова кујна со сите потребни елементи (мал фрижидер, плотна за готвење и електричен бокал за вода), клима, ТВ, фен, купатило со када и сушара. Имаат сопствена трем – тераса која гледа кон дворот на куќата.
1/4 Студија број 41 и 42 – Прв кат – мала зграда
Располагаат со брачен кревет + 2 единечни стандардни кревети. Студијата имаат нова кујна со сите потребни елементи (мал фрижидер, плотна за готвење и електричен бокал за вода), клима, ТВ, фен, купатило со туш и сушара. Имаат сопствена тераса опремена со маса и столови која гледа кон дворот на каќата.
40.01591, 22.58926