Demi House - Amuljani

ЛЕТО 2023

Превоз

Сопствен

Оддалеченост од плажа

100 метри

Грција

Острови>Амуљани

10% ПОПУСТ ЗА КОМПЛЕТНА УПЛАТА СО РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 01.03.2023

*За плаќање со картичка попустот се намалува за 2%

Куќата е оддалечена околу 70 m од плажата Kalopigado, околу 100 m од најдобрата плажа Alikes, a на 1.5 km од селото Amuljani. Demi е на благо возвишение во живописниот амбиент, опкружена со маслини и зеленило. Самата позиционираност и дава можност за единствен поглед на двете преубави ували и плажи Alikes и Kalopigado, од кој застанува здивот. Од терасата на куќата, со првото утринско кафе, ќе уживате во изгрејсонцето, a во вечерните часови со чаша вино ќе го испратите зајдисонцето. На околу 100 m од куќата, на почетокот на плажата Alikes, се наоѓа најпознатиот beach bar на островот – Savana, каде можете со конзумација на пијалок да ги користите лежалките и чадорите. На околу 150 m се наоѓа авто камп во кој има мини маркет, a на околу 200 m е таверна со традиционални специјалитети на грчката кујна. Студијата и апартманите се сместени на приземјето и на катот, пространи и предвидени за сместување 3-4 лица. Содржината ја надополнува  пространиот двор со неколку скари, како и паркинг.

СЛИКИ И УСЛОВИ

Напомени 

Услови за деца во студио/ апартман две деца до 10 г. Можат да користат еден кревет. Дете 0-3 г може да престојува без сопствен кревет.
Користење на климата и пешкирите вклучено во цената.
Бесплатен WI-FI: АГЕНЦИЈАТА НЕ МОЖЕ ДА ЈА ГАРАНТИРА БРЗИНАТА НА ИНТЕРНЕТОТ И НЕ Е ОДГОВОРНА ВО СЛУЧАЈ НА СЛАБ СИГНАЛ И СНЕМУВАЊЕ НА ИНТЕРНЕТ ЗАРАДИ ТЕХНИЧКИТЕ ПРОБЛЕМИ НА ГРЧКИТЕ ОПЕРАТОРИ.

Tаксата за престој во висина од 0,5 ЕУР на ден по сместувачка единица (студио/апартман/дуплекс) се плаќа на лице место (на денот на влез во објектот)!

За валидна резервација без попуст е потребна уплата од мин. 40% од вкупната сума, во денарска противвредност по курс 1 еур = 62 ден. Останатиот дел се доплаќа најдоцна 30 дена пред поаѓање.

Можеби Ќе Ви се допадне

MARE MONTI – Sarti Beach, Sitonija

NATASA Hotel *** – Skala Potamia, Tasos

Hotel KOVIOU HOLIDAY VILLAGE *** – Nikiti, Sithonia

ALEKA – Nea Plagia, Solunski zaliv

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright Art of Travel