СИЦИЛИЈА – ЛЕТО 2025
СИЦИЛИЈА – ЛЕТО 2025
Директен чартер лет Софија – Катанија
http://www.hotel-costaverde.it/
Аква-парк, полупансион со вклучени вино и вода, убава песочна плажа, на 5 минути од романтичното гратче Чефалу се карактеристики на Costa Verde 4*, како идеалниот избор за одмор на Сицилија
Costa Verde 4* се наоѓа на ридовите над убавиот залив со прекрасен панорамски поглед на околината. Хотелот е на околу 6 км од Чефалу. До центарот се доаѓа со редовна автобуска линија (цена на билетот 3 евра по правец). Територијата на хотелот: панорамски ресторан, тркалезен ресторан, грил ресторан на плажа, отворен од јуни до септември (во зависност од временските услови, лифтови, ТВ сала, продавница, 3 бара, пиано бар, дискотека, голем откриен базен, детски базен, бесплатни лежалки и чадори – на плажа и покрај базенот, анимација во амфитеатарот – на италијански и француски јазик, мини клуб – од јуни до септември, фризерски салон, СПА центар – со доплата, Wi-Fi – бесплатен околу лоби барот, бебешко креветче – бесплатно, на барање, паркинг – бесплатен, домашни љубимци – со претходна најава и барање. Costa Verde 4* е идеален за семејства со деца. Нуди 380 соби, светли и пространи: клима – од средината на јуни до средината на септември, када или туш, телефон, фен, сеф, фрижидер, телевизор со сателитски канали, балкон. Од 2019 година хотелот располага и со SUPERIOR соби со поглед кон море. Овој тип соби се комплетно реновирани и нудат уште и: бокал за кафе и чај, Wi-Fi интернет во собата, поглед кон море и се со максимален капацитет до 3 легла.
Costa Verde 4* нуди 3 ресторана. Сите јадења се сервираат на блок маса, со вклучени вино и вода за време на вечерата, во главниот ресторан а ако дозволуваат временските услови и на терасата.
Costa Verde 4* е оддалечен околу 1,5 километар од плажата – со фина, златна песок, сопственост на хотелот, опремена со лежалки и чадори. За гостите е обезбеден бесплатен трансфер до плажата неколку пати дневно. На плажата има и Грил ресторан, кој гостите можат да го користат за ручек.
АКВАПАРК – во непосредна близина на хотелот (300 метри) е голем воден парк. Аквапаркот содржи атракции за мали и големи. На неговата територија се: зона посветена на деца – вклучува базен со 4 тобогани, разновидни водни игри. Зона за бебињата со атракции, потполно безбедна; зона, посветена на возрасни – вклучува 6 тобогани, неколку дупли тобогани, како и тобоган висок 12 метри; голем базен со вештачки бранови, хидромасажни базени; анимација со игри; зона со ресторани; зона за пикник; зона за сончање. Работи од 09.06 до 09.09.2020 г., од 9:30 до 18:30 часот. Влезница 10 евра по лице
Спорт и забава – со доплата: На територијата на хотелот: базени со свежа вода за возрасни и деца; 2 игралишта за бочање; 2 тениски терена; Стрелање со лак; Мало фудбалско игралиште На територијата на плажа – од јуни до септември: едрилици; сурфање; Кану. СПА центар – на 300 м. од главната зграда на хотелот.
Дополнителна информација
Регуларен транспорт од хотелот Costa Verde 4* до/од Чефалу има на секои 15 минути по цена од 3 евра по правец;
СИЦИЛИЈА – ЛЕТО 2025
Чартер програма со поаѓање од Софија
*Трансфер до/од аеродромот во Софија е во ваша сопствена режија!
Термини на поаѓање: 27.04.2025, 04.05.2025, 11.05.2025, 18.05.2025, 25.05.2025, 01.06.2025, 08.06.2025, 15.06.2025, 22.06.2025, 29.06.2025, 06.07.2025, 13.07.2025, 20.07.2025, 27.07.2025, 03.08.2025, 10.08.2025, 17.08.2025, 24.08.2025, 31.08.2025, 07.09.2025, 14.09.2025, 21.09.2025, 28.09.2025, 05.10.2025
Цените се движат од (во зависност од терминот)
Стандардна соба од 755 – 1300 еур по лице за пакет аранжман
Максимум капацитет 4 возрасни или 2 возрасни + 2 деца под 13 год
Супериор соба со поглед на море од 1110 – 1525 еур по лице за пакет аранжман
Максимум капацитет 2 возрасни + 1 дете под 13 год
Цената вклучува:
авио билет Софија – Катанија – Софија
чекиран 20 кг и рачен багаж 6 кг
аеродромски такси
трансфер аеродром-хотел-аеродром на дестинацијата
7 ноќевања на услуга полупансион + (вклучени вода и вино за време на вечерата)
лежалки и чадори на плажа и околу базените
трансфер до плажа
анимација за возрасни и деца
претставник
Цената не вклучува:
туристичка такса околу 7 еур по лице /се плаќа во хотелот/
задолжителна доплата за таксата за гориво /разликата во цената доколку има поскапување/ 21 ден пред поаѓање
факултативни излети
Цената вклучува:
– авио билет Софија – Катанија – Софија
– 20 кг чекиран багаж и рачен багаж 6 кг;
– аеродромски такси;
– 7 ноќевања на база полупансион плус;
– Трансфер аеродром – хотел – аеродром со климатизиран автобус;
– трансфер до плажа /1,5 км/
– Претставник на организаторот на бугарски јазик за цело време на престојот.
Цената не вклучува:
– Такса за гориво – се објавува 21 ден пред поаѓање;
– Боравишна такса
– Дополнителни излети, по желба;
Ред на летање: дополнително
Авиокомпанијата го задржува правото за промени во редот на летање.
Трансфер аеродром – хотел – аеродром
Времетраење на трансферот: околу 2 часа од Катанија и околу 1 час од Палермо
Депозит од мин. 50% се плаќа со резервација, во готово или на фактура. Цените не важат за плаќање со картичка!
Доплата најдоцна 30 дена пред поаѓање
Издавање патна документација (ваучер, информација за летот, ваучери за разгледите, програма) 5 дена пред летот.
Услови за откажување на резервација од страна на патникот:
Патникот е должен по писмен пат да достави допис за откажување на патување. Истиот ќе биде проследен до организаторот на патувањето. Пеналите се според денот на откажувањето и за истите важат посебни услови на откажување усогласени со условите на давателот на услугата, а не Општите на Арт оф Травел:
30+ дена пред поаѓање 70 еур/по лице;
30-22 ден пред поаѓање 40% од вредноста;
Под 21 ден 100% пенали.
Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.
© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel