Caribbean World Resort Soma Bay ***** - Soma Bay, Hurghada

ЛЕТО 2022 / АВИО ОД СКОПЈЕ

УСЛУГА

All inclusive

Оддалеченост од плажа

На плажа

Египет

Хургада>Хотели

Hotel Caribbean се наоѓа во заливот Soma Bay, на една од најубавите плажи во Хургада, долга скоро километар. Оддалечен е околу 40 km од аеродромот и околу 45 km од центарот на Хургада. Лежалките и чадорите на плажата се бесплатни за гостите на хотелот. Хотелот содржи: рецепција, главен ресторан, неколку a la carte ресторани, неколку барови, помеѓу кои и грил бар на плажата, базени, тобогани, спа центар, бесплатен бежичен интернет во лобито, анимација, сувенирница, дискотека, мини клуб, аква парк со три тобогани, спортови на вода, нуркачки центар, тениски терени, терени за одбојка и фудбал на плажа, пинг понг. Сите соби имаат: клима уред, сателитска ТВ, телефон, сеф, мини бар, фен, балкон. Услуга е на база се вклучено – појадок, ручек, вечера, ужини, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци (самопослужување). 

СЛИКИ И УСЛОВИ

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

» Задолжително здравствено патничко осигурување.

» Хотелски услуги после одјавување на собите (*** Хотелот има право да прекине со All Inclusive услуги по Check Out). 

» Факултативни екескурзии и други индивидуални трошоци. 

» Влезна виза за Египет – за МК пасоши се добива на лице место по пристигнување. Потребни се 25усд, хотелска резервација и пасош со важност од минимум 6 месеци. 

 

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:

» Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро.

» За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување.

ВАЖНО – Ковид услови за влез во Египет

Од 21.12.2021 условите за влез во Египет се либерализирани и согласно последните протоколи, сите патници и деца со 12 или повеќе години, неопходно е да поседуваат:

1. Потврда со QR код издадена од релевантна државна медицинска институција за комплетирана вакцинација (2 дози) со некоја од признаените вакцини извршена најмалку 14 дена пред влез во државата;

или

2. Негативен ПЦР тест со валиден QR код не постар од 72часа пред влез во Египет;

или

3. Негативен резултат од брз антигенски тест со валиден QR код не постар од 24 часа пред патување;

Оние кои не поседуваат еден од наведените документи, може да извршат тестирање на аеродромот во Хургада при пристигнување. Тестот се плаќа на лие место и чини окулу 30$.

БАРАЊЕ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА

Можеби ќе Ви се допадне

KENTA BEACH Hotel *** – Agios Ioannis, Pilion

ELINOTEL APOLAMARE ***** – Hanioti, Kassandra

Hotel ALEKSANDAR **** – Budva, Budvanska rivijera

AFRODITI Apart-hotel – Vrasna Paralia, Strimonikos

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel