Хотелот Бистра е сместен во подножјето на планината Бистра, близу до Мавровското езеро и три жичари, кои водат до скијачките терени. Опкружен со природна убавина, хотелот нуди пријатен престој, одмор, забава и рекреација преку целата година. Хотелот поседува 118 кревети во удобно уредени соби, некои со џакузи кади и тушеви, телефон и ТВ. Ресторанот нуди богат избор на специјалитети од морска храна и традиционални јадења. Хотелот поседува и бар, спа центар со внатрешен базен, џакузи и сауна, теретана.
Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.
© Copyright Art of Travel