Anastasia House - Skala Fourka, Kassandra

ЛЕТО 2026

Превоз

Сопствен
Автобуски

Оддалеченост од плажа

150 m

Грција

Халкидики>Касандра>Скала Фурка

За целосни уплати заклучно со 05 декември, 20% попуст на сите термини а 30% попуст на термините 27.06, 04.07. и 22.8.2026

*ЗА ПЛАЌАЊЕ СО КАРТИЧКА ПОПУСТОТ СЕ НАМАЛУВА ЗА 2%

Куќа „Анастасија“ е лоцирана во центарот, на најубавиот дел од шеталиштето во Фурка. Оддалечена е околу 150 метри од песочната плажа. Терасите имаат поглед кон море. Располага со трикреветни студија со дополнително легло за четири лица. Квалитетно опремени, сите опремени со ЛЦД ТВ, клима (вклучена во цената), тоалет, опремена кујна. Во собите нема пешкири како дел од опремата.

ГАЛЕРИЈА

Напомени и услови:
– Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денарска противвредност, по курс 1 евро = 62 мкд.
– Цените во табелите 1 и 3 се објавени за 1 (едно) лице за 7 ноќевања со вклучен автобуски превоз. Доплатата за 3 и 4 лице (во зависност од бројот на кревети) е задолжителна, плаќаат сите лица кои престојуваат а кои се повозрасни од 1 година.
– За патниците кои нема да користат организиран превоз, од цената се одбиваат 1.240 денари (20 евра) од целосната-вкупната сума на аранжманот а не од лице.
– Цените во табела 2 се дадени (објавени) за наем на цело студио или апартман за 7 ноќевања и се плаќа целосно според бројот на кревети во секоја соба без разлика дали во неа ќе престојуваат помалку лица од бројот на кревети но не и повеќе, во цената не е вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
o За возрасни 3,100 денари (50 евра)
o За деца до неполни 12 години 2.170 денари (40 евра)
– Тргнувањето од Скопје се договара најдоцна 48 часа пред секоја смена, додека за враќањето од Грција кон Македонија, местото и времето се договараат со придружникот-пратител на групата.
– Распоредот на седење во автобус се прави системски според денот т.е. датумот на уплата на аранжманот.
– Ограничување или доплата за багаж во автобусите нема. Се замолуваат патниците да понесат оптимална количина или број на патни торби, куфери и сл. а со цел патувањето да биде полесно и комотно за сите. Доколку нема доволно простор за прекумерниот багаж агенцијата не може да сноси одговорност, истата е на секој патник поединечно.
– Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот на 7 или на 10 ноќевања.
– За сигурна резервација се прифаќа исклучиво уплата на 50% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна доплата најдоцна 20 дена пред започнување на аранжманот, а доколку не се изврши во предвиденото време, агенцијата може да го смета како отказ на аранжман. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.
– Промена на веќе постоечка резервација, како имиња и презимиња на патници изнесува 1240 денари (20 евра) додека промена на термин подразбира отказ на истата и се наплаќа според табелата од Општите услови за патување на организаторот.
– При правење на резервација на одбраниот објект, ве молиме да приложите копии од важечки пасоши на сите патници кои ќе престојуваат во истиот.
– Преземањето на собите е од 15 часот првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин. Љубезно молиме да се почитуваме и ова правило.
– Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
– На денот на пристигнување, за гостите во куќите, вработените во агенцијата на организаторот ќе бидат на располагање до 18ч по локално време, а потоа за нив ќе се грижат претставниците или сопствениците на куќите, на телефонски броеви (Viber, WhatsApp…) кои патниците ќе ги добијат при подигнување на ваучер во агенцијата.
– Сликите кои се објавени на нашата веб-страница се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените освен ако таа не е напишана во Договорот за патување. Нашата веб-страница е од информативен карактер.
– Категоризацијата на објектите – куќите не е во надлежност на агенцијата туку е во ингеренции на локалните надлежни институции, како ЕОТ, Министерство за туризам на Грција и сл.
– За информациите добиени од вработените на агенцијата ја презема целосната одговорност кон странките-патници за време на аранжманот, за кои било други форми и извори на информации (google, booking.com, air bnb…) за капацитетите, агенцијата не може и нема да преземе одговорност.
– Агенцијата организира превоз со лиценциран придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот. Трансферите до влезот во куќите, со такси или кое и да е друго превозно средство се доплаќаат 5 евра по лице.
– Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација (координати и контакт) на сместувачките капацитети во нашите канцеларии.
– За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
– Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
– Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци, без доплата на клима-уред, интернет и слично, за евентуална промена агенцијата ќе ги информира своите клиенти според меѓусебно потпишаниот договор со партнерите.
– Туристичката такса која изнесува 2 евра на ден се плаќа на самото место
– Агенција не може и нема да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
– Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
– Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи (важност најмалку 3 месеци од денот на враќање) и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во агенција.

Можеби ќе Ви се допадне

ASSA MARIS Hotel **** – Agios Nikolaos, Sithonia

AMMOLOFOS – Sarti Beach, Sitonija

POSEIDON PALACE Hotel **** – Leptokaria, Pieria

Grand Palladium Sicillia Resort 5* – Campofelice…, Sicilija

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel