Alkis House - Nea Vrasna, Strimonikos

ЛЕТО 2023

Превоз

Сопствен

Оддалеченост од плажа

На плажа

Грција

Залив Стримоникос>Неа Врасна

Alkis House се наоѓа на самата плажа, во првиот ред куќи до морето, на шеталиштето од Неа Врасна кон Врасна Паралија. Од центарот на Неа Врасна е оддалечена околу 350 метри, 900 метри од Аспровалта, а од најблискиот ресторан околу 70 метри. Има убаво уреден двор со скара и гарнитура за седење која е на располагање на гостите. Има двокреветни, трокреветни и четирикреветни студија, како и со 1/2+2 студија со кревет на кат и четирикреветен апартман. Сите сместувачки единици имаат основно опремена кујна со фрижидер, решо, садови и прибор според бројот на креветите, SAT TV, балкон со директен или страничен поглед кон морето и клима уред, чие користење се доплаќа 5 ЕУР на ден, купатило, интернет. Четирикреветниот апартман има одвоена спална соба со француски кревет со грчки димензии (околу 130цм) и по 1 единечен кревет во спалната и во кујната. Постелнината се менува еднаш во текот на престојот.

ГАЛЕРИЈА

плаќањето е во денари по курс 1 еур = 62 ден
Влез во собите е во 16 ч а напуштање во 9 ч
По пристигнувањето потребно е да се јавите на претставникот за да Ве упати како да ја најдете куќата и да Ве регистрира. Доколку не можете сами да ја најдете, претставникот ќе Ве смести најбргу што може
за хигиената на собите за време на престојот се грижите сами и потребно е истите да ги оставите во чиста состојба (испразнет и исклучен фрижидер на 0, фрлено ѓубре, измиени садови…)
промени на веќе потврдена резервација во ист објект и ист термин се наплаќаат 15 еур
промена на датумот на патување и/или промена на куќата се пресметува како отказ од патување
ТРОШОЦИ ЗА ОТКАЗ ОД ПАТУВАЊЕ
 40 ЕУР фиксен манипулативен трошок ако патувањето се откаже над 150 дена пред почетокот на патување,
10% ако патувањето се откаже од 150 до 45 дена пред почетокот на патување,
15 % ако патувањето се откаже од 44 до 30 дена пред почетокот на патување,
30 % ако патувањето се откаже од 29 до 20 дена пред почетокот на патување,
40 % ако патувањето се откаже од 19 до 15 дена пред почетокот на патување,
80 % ако патувањето се откаже од 14 до 10 дена пред почетокот на патување,
90 % ако патувањето се откаже од 9 до 6 дена пред почетокот на патување,
100 % ако патувањето се откаже од 5 до 0 дена пред почетокот на патување или во текот на патувањето
.

ЗА ВАЛИДНА РЕЗЕРВАЦИЈА БЕЗ ПОПУСТ Е ПОТРЕБНА УПЛАТА ОД МИН. 50% ОД ВКУПНАТА СУМА, ВО ДЕНАРСКА ПРОТИВВРЕДНОСТ ПО КУРС 1 ЕУР=62 ДЕН. ОСТАНАТИОТ ДЕЛ СЕ ДОПЛАЌА НАЈДОЦНА МЕСЕЦ ДЕНА ПРЕД ПОАЃАЊЕ.

Можеби ќе Ви се допадне

PANORAMA LUX – Hanioti, Kassandra

DOUBLETREE by Hilton Hotel ***** – Aqaba, Jordan

STEFANIA – Nikiti, Sithonia

KONSTANTINA – ALEXANDROS – Parga, Jonski Breg

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright Art of Travel