ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 29.01.2027
12% ПОПУСТ ЗА КОМПЛЕТНА УПЛАТА СО РЕЗЕРВАЦИЈА
7% ПОПУСТ ЗА УПЛАТА НА 50% АВАНС СО РЕЗЕРВАЦИЈА И ДОПЛАТА ДО 30 ДЕНА ПРЕД ПОАЃАЊЕ
*ЗА ПЛАЌАЊЕ СО КАРТИЧКА ПОПУСТОТ СЕ НАМАЛУВА ЗА 2%
ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 29.01.2027
12% ПОПУСТ ЗА КОМПЛЕТНА УПЛАТА СО РЕЗЕРВАЦИЈА
7% ПОПУСТ ЗА УПЛАТА НА 50% АВАНС СО РЕЗЕРВАЦИЈА И ДОПЛАТА ДО 30 ДЕНА ПРЕД ПОАЃАЊЕ
*ЗА ПЛАЌАЊЕ СО КАРТИЧКА ПОПУСТОТ СЕ НАМАЛУВА ЗА 2%
AL MARE – куќата се наоѓа во централниот дел на Неа Флогита, во 1. ред куќи и на околу 20 м од плажата. Во понуда се убаво одржувани апартмани и дуплекс апартмани со (SV) и без поглед на море. Дел од дуплекс апартманите се наоѓаат на благо спуштено приземје, имаат 2 тераси (кон улицата/морето и кон дворорт) и ценовно се издвоени (PR). Сите сместувачки единици имаат основно опремена кујна, купатило, тераса, ТВ и клима уред, чие користење е вклучено во цената. Во текот на престојот гостите сами ја одржуваат хигиената на сместувачките единици а постелнината се менува на половина од престојот. Нема пешкири. Објектот е покриен со бежичен интернет, за чија брзина агенцијата не може да гарантира.
Google maps:
Latitude: 40.257566
Longitude: 23.215819

*Понудата е исклучиво за сопствен превоз и нема можност за резервација на автобуски превоз од Македонија!
*Сликите на објектот и сместувачките капацитети прикажани на веб страната на Арт оф Травел се од информативен карактер, по случаен избор, за да имате претстава за изгледот на истиот и не значи дека сите сместувачки капацитети се со ист распоред, поглед, намештај, плочки во купатило и сл.
Цените се во евра, плаќањето е во денари по курс 1еур=62ден
За резервација без попуст потребна е уплата од 50% со резервација, а останатиот дел се доплаќа најдоцна 30 дена пред поаѓање.
За резервација со попуст е потребна комплетна уплата со резервација
Цените се валидни за плаќање во готово (кеш) или на ф-ра. За плаќање со картичка (Виза и Мастер) попустот се намалува за 2%, односно сумата без попуст се зголемува за 2% банкарска провизија!
За валидна резервација потребни се следните податоци:
Документацијата потребна за патување (ваучер за уплатениот одмор, како и контакт тел. од претставникот) ја добивате 5-7 дена пред патување на е-маил адреса, оставена од Ваша страна во агенција или лично ја подигнувате во агенцијата по добиено телефонско известување дека е пристигнат. Ваучерот е потребно да го имате во печатена верзија – примерок го предавате на претставникот на дестинацијата. По пристигнувањето на дестинацијата, потребно е да го известите претставникот телефонски како би ве регистрирал и ви кажал во кој број на сместувачка единица да влезете.
Такса за престој, во висина од 2 еврa по сместувачка единица на ден се плаќа во агенција со резервација и не подлежи на попусти!
Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.
© Copyright 2026 Art of Travel