СИЦИЛИЈА - ЛЕТО 2023

Чартер програма од Белград

СИЦИЛИЈА


Сицилија е најголем остров во Медитеранот – специфична, со единствена традиција и особена почит кон фамилијата, помалку дива и со преубави приморски места и плажи , ќе ве освои со гостопримливи домаќини, неповторлив ритам на животот, извонредна кујна и уште поубави вина.

 

Сицилијанците ќе ви кажат дека е автентична и неспоредлива со било кое друго место на светот. Шармантно и  претенциозно, но толку вистинито.

 

Сицилија како дестинација за одмор не е привлечна само поради преубавите плажи, туку ви дава можност да се запознаете со единствениот дел на европската цивилизација и природните богатства, како што е единствениот жив вулкан во Европа – Етна, како и остатоците на старогрчките и римските градови, градби на норманско-арапско-византиската култура и локален, сицилијански барок.

 

НИКАКО НЕ ПРОПУШТАЈТЕ ДА ПОСЕТИТЕ

* Вулкан Етна

 

Преку континенталниот дел на островот, од Тиренскиот до Јонскиот брег, на Етна можете да се искачите до 1850 м надморска височина, каде се наоѓаат кратерите Силвестри (со доплата за жичарата и теранското возило до главниот кратер). Не ја пропуштајте приликата да го видите единствениот жив вулкан во Европа.

 

* Таормина

 

Градот познат како „Бисер на Медитеранот„ поради географската положба и шармот, се наоѓа на брдото Монте Тауро. Прошетката по горниот дел на градот, во кој се влегува преку „Порта Месина„ и посетата на грчко-римскиот театар од 3. век пред нашата ера, еден од најдобро сочуваните антички амфитеатри – ќе ги сметате за едни од најдобро поминатите денови на Сицилија.

 

* Монреале и Палермо

 

Кога ќе одберете еден ден во текот на престојот на Сицилија да го посетите Палермо – не пропуштајте ја посетата на катедралата во Монреале (се наоѓа на брдото над Палермо) со преубави мозаици кои датираат од крајот на 12. век, период кога првото сицилијанско кралство доживува процут на демократијата, економијата и христијанството. Во Палермо посетете ја улицата Vittorio Emanuele, новата порта, палатата на Норманите, катедралата, плоштадот Кватро Kанти, плоштадот на срамот, театрите Politeama и Massimo.

 

* Agrigento

 

„Долината на храмовите„  од 5. и 6. век, храмот Конкордиа, храмот на Хера, Кастор и Полукс, чиви столбови се симбол на градот – обиколка како пат низ историјата на Сицилија.

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright Art of Travel