ТОРОНИ
Сместен помеѓу Неос Мармарас и Порто Куфо, на околу 145км од Солун, се наоѓа Торони. Легендата вели дека Торони била сопругата на Протеус, синот на богот на морето – Посејдон. Сочуваните рушевини на стариот град како и деловите на кулата на Анемомилос локацијата, сведочат дека регијата била населена уште во античко време. Уште во 5. век п.н.е. имале свои ковани пари и биле членка на Атинскиот сојуз. Во Византиско време земјиштето припаѓало на светогорските манастири. Тврдината и ѕидините ги уништиле Турците во 19. век и од гранитот ги поплочиле патиштата околу Солун и Цариград.
Торони е едно од најголемите природни пристаништа во Грција. Златнозрнестата песочна плажа, долга 2 км и морето се идеална прилика за одмор. Понудата на хотели и апартмани е воглавно на самиот морски брег, па е вистински избор за сите оние кои тоа го бараат. Убава песочна плажа, на поедини делови со природни сенки, шеталиште 2 км долго, со неколку мини маркети, таверни се гаранција за убав и мирен семеен одмор.