СКАЛА ФУРКА
Скала Фурка е летувалиште сместено на западниот брег на Касандра, оддлечено 99 км од Солун и 14 км од Калитеа. Убава приморска населба, една е од најпопуларните на западната обала на Касандра, особено поради долгата плажа од 2 км на која нема гужва. Во текот на летните месеци, овде туристите уживаат во опуштен одмор, убави плажи и кристално чисто море. Местото е совршено за оние кои сакаат мир и вистински одмор, како и за семејства со деца. Особено се убави зајдисонцата, а денот во летниот период знае да потрае и до 21 час, па според тоа и времето поминато на плажа можете да го искористите до максимум.