ПОТИДЕА

ЛЕТО 2025

ПОТИДЕА

 

Неа Потидеа или како што ја нарекуваат „најубавата плажа на Касандра“, е првото место на овој крак. Основан е од мигранти од источна Тракија во 1922 година, на местото на старата населба Потидеа. Некои историчари тврдат дека првите записи за ова место датираат од 7. век пред нашата ера и зборуваат за колониите од градот Коринт, додека други тврдат дека на ова место постоел древниот град Палини. Но, за едно се согласуваат сите, а тоа е дека географската положба на ова место е одлична, со оглед на тоа дека Неа Потидеа лежи на важна воено-стратешка кота и од Солун е оддалечена на 60км јужно, а излегува на два залива: Термаикос и Торонеос, па лежи на самиот влез на полуостровот Касандра. Над каналот се наоѓа мост со висина од 18м кој ја спојува Касандра со Халкидики. Каналот кој ги спојува двата залива се спомнува уште од Страван во првиот век од нашата ера.

Кралот на Македонија Касандрос во 316. година п.н.е. ја изградил од ново населбата на ова место, која подоцна ја срушил Филип Втори и ја нарекол Касандриа. Во времето на владеење на Турците (од 1430 година) местото го менува својот назив во Порта Касандра или само Порта. За време на владеење на Римското Царство цвета како римска колонија која трае се додека не ја срушат Хуните во 540 година од нашата ера. Тогаш цар Јустинијан му става темели на градот, а рушевините кои и денес постојат се од тоа време. Денешната Неа Потидеа брои околу 1000 жители, а од инфраструктурата има: ресторани, барови, таверни, плоштади и супермаркети, забавен парк за деца, клуб за спортови на вода итн.

VERGINA – Potidea, Kassandra

VERGINA – куќата се наоѓа на сама плажа, во Неа Потидеа. Во понуда се убаво одржувани студија, апартмани и дуплекс апартмани, со поглед на море или без. Секоја сместувачка единици поседува основно ...

BLUE SAPHIR – Potidea, Kassandra

BLUE SAPHIR – Куќата се наоѓа на неколку чекори од плажа, веднаш до хотелот Елпиники, на јужниот дел на Неа Потидеа, лоциран на крајниот дел на местото, свртена кон запад и идеална за оние ...

POSEIDON – Potidea, Kassandra

POSEIDON – куќата се наоѓа на брегот на морето во Неа Потидеа, додека влезот во објектот е на 30-ина метри од брегот. Оддалечена е околу 100 м од куќата Вергина. Во понуда се трокреветни и ...

ISI – Potidea, Kassandra

ISI Lux се наоѓа нa 20m oд плажа во централниот дел на Потидеа, каде што е најширока плажата, веднаш пред хотел "Potidea Golden Beach". Куќата е изградена во 2017та год и е на две нивоа (високо ...

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel