Amalia ex Dora Garden House - Sarti, Sithonia

ЛЕТО 2026

Превоз

Сопствен

Оддалеченост од плажа

320 метри

Грција

Халкидики>Ситонија>Сарти

15% ПОПУСТ ЗА ЦЕЛОСНА УПЛАТА СО РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 15.01.2026
5% ПОПУСТ ЗА УПЛАТА НА 40% АВАНС СО РЕЗЕРВАЦИЈА И ДОПЛАТА ДО 30 ДЕНА ПРЕД ПОАЃАЊЕ
*ЗА ПЛАЌАЊЕ СО КАРТИЧКА ПОПУСТОТ СЕ НАМАЛУВА ЗА 2%

AMАLIA ex Dora garden е една од поновите и подобрите куќи во нашата понуда. Се наоѓа во стариот дел на Сарти на 320 m оддалеченост oд најубаво уредениот дел на плажата. Особено кај овој објект се истакнува однос цена/квалитет. Студијата и апартманите се на приземје и на прв кат. Сите имаат SAT TV, клима уред, чие користење е вклучено во цената и бежичен интернет, за чија брзина агенцијата не може да гарантира. Куќата има сопствен паркинг, што е реткост во стариот дел на Сарти.
1/2+2 студија се наоѓаат на приземје, имаат брачен кревет и кревети на кат, мал фрижидер и решо, купатило со озидана туш-када, пешкири, влез преку голема тераса со настрешница и со поглед на улица, комарници. Влезот е преку тераса.
Трокреветните студија се наоѓаат на 1. кат, имаат еден брачен и еден единечен кревет, мал фрижидер и решо, купатила со озидана туш-када без завеса, пешкири, 2 тераси, средна тераса со поглед на улица и влезот во студијата е преку големата тераса, комарници.
3+1 студио се наоѓа на приземје, има брачен кревет, единечен од кој се извлекува уште 1 кревет со стандардна должина, мал фрижидер, решо, купатило со озидана туш-када без завеса, пешкири, комарници, влезот е преку голема тераса со поглед на улица и паркинг.
Четворокреветните студија се наоѓаат на приземје, имаат брачен кревет и два единечни или два брачни или брачен и единечен со фиока со стандарден душек, мал фрижидер, решо, купатила со озидана туш-када без завеса, пешкири, мала, средна или голема тераса со поглед на улица или двор. Во студијата на приземје се влегува преку тераса.
4+1 студио се наоѓа на приземје, има брачен кревет, единечен и уште еден единечен со фиока со стандарден душек или два брачни и еден единечен, мал фрижидер, решо, купатила со озидана туш-када без завеса, пешкири, комарници, мала или средно голема тераса со поглед на улица или двор. Влез во студиото на приземје е преку тераса.
Шесткреветниот апартман се наоѓа на 1. кат, во спална соба е брачен и единечен кревет, а во кујнскиот дел уште еден брачен и единечен кревет, мал фрижидер, решо, клима уред во кујнскиот дел, купатило со озидана туш-када, пешкири, комарници, средно голема тераса со поглед на улица.

Одлична куќа која што од самата изградба ја имаме во понуда. Сместена веднаш под магистрала, одлично е позиционирана за движење по околни плажи и избегнувавње на гужвите во самото место. Солиден интернет, топла вода во секое време, одлично опремен кујнскиот простор, близина на центарот, паркинг, умерени цени… сето ова е причина да е една од најбараните куќи од нашата понуда за Сарти.

ГАЛЕРИЈА

*Понудата е исклучиво за сопствен превоз и нема можност за резервација на автобуски превоз од Македонија!
*Сликите на објектот и сместувачките капацитети прикажани на веб страната на Арт оф Травел се од информативен карактер, по случаен избор, за да имате претстава за изгледот на истиот и не значи дека сите сместувачки капацитети се со ист распоред, поглед, намештај, плочки во купатило и сл.
Цените се во евра, плаќањето е во денари по курс 1еур=62ден

За резервација без попуст потребна е уплата од 40% со резервација, а останатиот дел се доплаќа најдоцна 30 дена пред поаѓање.
За резервација со попуст е потребна комплетна уплата со резервација.
Цените се валидни за плаќање во готово (кеш) или на ф-ра. За плаќање со картичка (Виза и Мастер) попустот се намалува за 2%, односно сумата без попуст се зголемува за 2% банкарска провизија!

За валидна резервација се потребни следните податоци:
-име и презиме на сите патници
-датум на раѓање на децата до 12 год
-контакт телефон
-е-маил адреса (доколку ја поседувате)
– адреса на живеење од едниот пасош (носител на резервација)

Документацијата потребна за патување (ваучер за уплатениот одмор и инструкции како да стигнете до местото, како и контакт тел. од претставникот) ја добивате 5-7 дена пред патување на е-маил адреса, оставена од Ваша страна во агенција или лично ја подигнувате во агенцијата по добиено телефонско известување дека е пристигнат. Ваучерот е потребно да го имате во печатена верзија во 2 примероци, од кои едниот примерок го предавате на претставникот, а вториот го задржувате. По пристигнувањето на дестинацијата, потребно е да го известите претставникот како би ве регистрирал.

Такса за престој, во висина од 2 еврa по сместувачка единица на ден се плаќа на лице место пред влегување во објектот.

-Влез во сместувачките единици е по 16ч, а напуштање до 09:00ч по локално време.
-За хигиената во сместувачките единици се грижите сами, освен ако не е наведено поинаку во описот.
-Поради зголемувањето на цените на ел. енергија, се молат гостите да не го оставаат клима уредот вклучен кога не престојуваат во просторијата. Во спротивно сопственикот на објектот има право да ја укине услугата.
-За било какво оштетување на инвентарот за време на престојот, патниците се должни да ги известат сопствениците или претставникот на дестинацијата и истото да го подмират на лице место.
-За било каков недостаток од инвентарот, расипан уред или сл. пријавувањето можете да го извршите директно на претставникот на Организаторот, чиј тел. бр. ќе го добиете со ваучерот, 5-7 дена пред поаѓање.
-Постелнината се менува на половина од смената, за престој од мин. 9 ноќевања, доколку не е наведено поинаку во описот на самиот објект! Во поголем број на објекти, газдите ја доставуваат постелнината и ја оставаат пред влезот, кога сами ја менувате и ја оставате валканата на исто место. Во одредени објекти чистачките Ви ја менуваат постелнината.
-Хигиенските потрепштини, како тоалет папир, сапун, шампон, пешкири, средство за миење садови и сл. не е составен дел на инвентарот во сместувачките единици!
-Во објектите каде што користење на клима уредот е со доплата на лице место, цената се движи од 6-10 еур на ден по уред. Истатата е променлива и не предмет на договор помеѓу агенцијата и сопственикот.
– Во некои од објектите пешкирите се со доплата или со депозит. Наша препорака е секогаш да носите свои.
-Кај некои од куќите, поради местоположбата на угорници, влезот во сместувачка единица и терасата се на различно ниво. Прикажана катност на сместувачката единица е според катност на терасата.

Политика на откажување на резервацијата од страна на патникот:
Патникот е должен по писмен пат да достави допис за откажување на патување. Истиот ќе биде проследен до организаторот на патувањето. Доколку сами најдете замена за уплатениот одмор, ќе Ви бидат наплатени само пенали за измена на податоци во висина од 25 еур во денарска противвредност. Во спротивно доколку целосно се откажува патувањето, пеналите се според денот на откажувањето и за истите важат посебни услови на откажување усогласени со условите на давателот на услугата, а не Општите на Арт оф Травел :
0 – 45 дена пред поаѓање 10%
44 – 30 дена пред поаѓање 20%
29 – 20 дена пред поаѓање 30%
19 – 15 дена пред поаѓање 50%
14 – 10 дена пред поаѓање 90%
9 – 0 дена пред поаѓање или во текот на престој 100%

Промена на датумот на патување, сместувачката единица или објектот ќе се смета како откажување од патување.
За секоја извршена промена на податок во договорот за патување се наплаќа административна такса во висина од 25 ЕУР!

За влез во Р. Грција пасошот треба да е со важност мин. 3 месеци од денот на враќање. Ве молиме истите да ги проверите пред уплата на резервација! Агенцијата не е одговорна за невалидни и истечени патни документи на сите наведени лица од потпишаниот договор, и нема да се смета за основ за откажување на резервацијата!
Патничко здравствено осигурување е препорачано да го имате за патување во странство. Информациите околку тип, цена и сл. можете да ги добиете директно во агенција.

Можеби ќе Ви се допадне

NIKI – Stavros, Strimonikos

KASTRO MAISTRO *** – Ag. Ioannis, Lefkada

SEAGULL BEACH Resort **** – Hurgada

HANIOTI MELATHRON Hotel **** – Hanioti, Kassandra

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel