Odyssey е пријатен семеен хотел, сместен во цветна градина, на блага падина, на почетокот на главната улица, во традиционалното грчко село Агиос Никитас, кое е преполно со популарни таверни и ресторани. Од 1990-та година, хотелот со минималистички дизајн на собите, автентичен грчки појадок, отворен базен со простор за релаксација и забава е одличен избор за релаксиран одмор и појдовна точка за истражување на островот. Преку главната улица ќе стигнете до селската плажа со кристално чиста вода, која е оддалечена околу 150 m. Други прекрасни плажи на островот, како што се Пефкулија или Милос, се наоѓаат на само неколку минути пешачење.
Објектот поседува сала за појадок, кој се служи на шведска маса, базен, бар покрај базенот, интернет на јавните површини. Во близина е јавен паркинг.
Во понуда се неколку типа на соби со услуга појадок и наем на студија опремени со кујна.
Стандардните соби не се реновирани, со поглед се на градина или на море и опремени со 2 стандардни кревети, клима уред, мал фрижидер, ТВ, интернет, балкон или тераса. Постои можност за додавање на помошно легло.
Делукс соби се реновирани, со поглед се на градина или на море и опремени се со голем дупли кревет, клима уред, мал фрижидер, ТВ, интернет, балкон или тераса.
Студија со поглед на градина се реновирани и се наоѓаат на приземје, опремени се со дупли кревет и софа на расклопување, како и опремена кујна, клима уред, ТВ, интернет, тераса.
Влез во собите е од 15 – 23 ч, а напуштање од 07-11 ч.
Поради чести менувања на цените од страна на хотелите,
Ве молиме за истите да се информирате директно во агенција!
070 399 359
070 279 395
Пон-пет /10:00-18:00/
За валидна резервација е потребна уплата од мин. 50% од вкупната сума, во денарска противвредност по курс 1 еур=62 ден. Останатиот дел се доплаќа најдоцна 30 дена пред поаѓање.Такса за престој се плаќа на лице место, при влез во хотелот, според категоризација на објектот.
Cancellation policy
Cancelled 8-14 days before check-in 30% of total amount
Cancelled 1-7 days before check-in 50% of total amount
Non show 100% of total amount
Early departure 100% of total amount
Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.
© Copyright Art of Travel