САРДИНИЈА – ЛЕТО 2026
САРДИНИЈА – ЛЕТО 2026
8 дена / 7 ноќевања
Club Esse Gallura Beach 3* се наоѓа помеѓу морето и планините, од каде што секој може да ужива во убавината на Сардинија. Хотелот се наоѓа со поглед на морето помеѓу смарагдно-зелената природа и кобалтно-сините води на крајбрежниот рај. Плажата се наоѓа на само 600 метри од хотелот, до која лесно може да се стигне пеш или со бесплатниот шатл на хотелот. Опремена е со чадори за сонце, столчиња за плажа и лежалки, во зависност од достапноста. Хотелот располага со 250 пространи класични соби со тераса и поглед на море и удобни семејни соби, кои се состојат од 2 одделни соби со бања. Хотелот има и соби за лица со намалена подвижност. Бебешки клуб за деца од 0 до 3 години и работно време од 09:30 до 18:30. Присуството на родителите е задолжително. Клубот има и игралиште, игрална и место за јадење, релаксација и спиење. Детски клуб „Херој Камп“ (за деца од 3 до 13 години) со работно време од 09:30 – 18:30. Тим аниматори се грижи за забавата на најмалите гости. Има опремен простор за игри, театар. Младински клуб (за возраст од 13 до 18 години) – секојдневно се организираат спортски настани, танци, игри и првенства.
Услуги на територијата на хотелот
Wi-Fi на јавни површини;
2 тениски терени;
Фудбалски и кошаркарски терен;
Базен за деца и возрасни;
Ресторан;
Бар;
Амфитеатар.
ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ
Клубот Есе Галура Бич 3* е голем комплекс опремен со:
Голем базен со лизгалка за деца;
Бар;
Амфитеатар;
Анимација;
Мултифункционално кошаркарско и фудбалско игралиште;
2 тениски терени;
Одбојка на плажа.
Чартер програма со поаѓање од Софија
8 дена / 7 ноќевања
Термини на поаѓање: 02.06.2026, 09.06.2026, 16.06.2026, 23.06.2026, 30.06.2026, 25.08.2026, 01.09.2026, 08.09.2026, 15.09.2026, 22.09.2026
Цените за пакет аранжман по лице и се движат (во зависност од терминот) од:
Од 705 – 1030 еур по лице во двокреветна стандардна соба
Максимален капацитет на собите е 4 возрасни или 3 возрасни + 1 дете до неполни 12 год или 2 возрасни + 2 деца до неполни 12 год
*Цената зависи од терминот на патување и е променлива!
Цената вклучува:
· Авио билет Софија – Олбија – Софија со чартер лет на Bulgaria Air;
· Аеродромски такси;
· Чекиран багаж 20 кг. и рачен багаж 5 кг;
· 7 ноќевања на база полупансион;
· Трансфер аеродром – хотел – аеродром;
· Претставник на партнерска агенција
Цената не вклучува:
Екскурзија: Алгеро – 76 еур возрасен /42 еур дете 02 – 12 г.;
· Екскурзија: Сасари и Кастелсардо – 95 еур возрасен / 54 еур дете 02-12 г.;
· Екскурзија: Коста Смералда – 62 еур возрасен / 39 еур дете 02-12г.;
· Екскурзија: Архипелаг Магдалена (Ла Мадалена) – 128 еур возрасен / 103 еур дете 02-12 г.;
· Екскурзија: Корзика – 128 еур возрасен / 103 еур дете 02-12 г.;
Задолжителна доплата
· Туристичка такса – плаќање на рецепција
. Слушалки за време на екскурзиите 15 еур по лице (3 еур на ден). Се плаќа директно на водичот. Деца до 6 год не плаќаат и не добиваат слушалки.
. Административна такса за локалниот партнер 5 еур по лице.
· Такса за гориво – се објавува 21 ден пред поаѓање, само доколку има зголемување на цената на горивото од денот на објавување на програмата
Ред на летање: (подлежи на промена) локално време
Превозник: Bulgaria Air
· Софија – Олбија: 07:55– 10:00
· Олбија – Софија: 11:00 – 13:00
Авиокомпанијата го задржува правото за промени во редот на летање.
Трансфер аеродром – хотел – аеродром: со автобус.
Услови за резервација:
Цените се валидни за комплетна уплата со резервација, во готово или на фактура. Цените не важат за плаќање со картичка!
Издавање патна документација (ваучер, информација за летот, ваучери за разгледите, програма) 5 дена пред летот.
Услови за откажување на резервација од страна на патникот:
Патникот е должен по писмен пат да достави допис за откажување на патување. Истиот ќе биде проследен до организаторот на патувањето. Пеналите се според денот на откажувањето и за истите важат посебни услови на откажување усогласени со условите на давателот на услугата, а не Општите на Арт оф Травел:
31+ ден пред поаѓање 70 еур/по лице;
30-22 ден пред поаѓање 40% од вредноста;
Под 21 ден 100% пенали.
ВАЖНО:
1. Минимален број за реализација на програмата: 120 лица. Во случај на недоволен број, организаторот е должен да ги извести патниците 20 дена пред поаѓање.
2. Нема специјални медицински и здравствени побарувања, поврзани со патувањето.
3. Потребен е валиден пасош со минимум 6 месеци важност од датумот на напуштање на земјата во која се патува.
5. Организаторот го задржува правото за промена на програмата.
Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.
© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel