Hotel Golden Beach *** - Metamorfosi, Sithonia / Пакети на 7 ноќи

ЛЕТО 2026

Услуга

HB +

Оддалеченост од плажа

20 метри

Грција

Халкидики>Ситонија>Метаморфози

10% попуст до 01.02.2026, со 50% уплата и доплата 20 дена пред поаѓање

*ЗА ПЛАЌАЊЕ СО КАРТИЧКА ПОПУСТОТ СЕ НАМАЛУВА ЗА 2%

Хотелот ГОЛДЕН БИЧ е лоциран во центарот и на 20 метри од песочната плажа во Метаморфози. Опколен е со боровата шума од едната, а море од другата страна со што е совршен склоп за релаксирање и одмор.

Хотелот располага со 47 соби: 1/3 ПРИЗЕМЈЕ собите се наоѓаат на приземје и немаат поглед кон море, имаат брачен и единечен кревет. 1/3 СТАНДАРД собите се наоѓаат на кат и имаат страничен или директен поглед кон море, имаат брачен и единечен кревет. 1/4 СТУДИО собите се наоѓаат на кат, со поглед на море или базен, имаат брачен и 2 единечни кревети во иста соба. 1/4 АПАРТМАН собите се со страничен или директен поглед кон море, имаат брачен и 2 единечни кревети во различна соба. Сите соби имаат балкон и опремени се со фрижидер, клима уред (вклучен во цената), Wi-Fi, сат. ТВ и тоалет. Хотелот има главен ресторан, бар, базен со чадори и лежалки кои се бесплатни за користење од страна на гостите, детско катче и сопствена плажа со бар на плажа кој е со доплата. Хотелот е на услуга ПОЛУПАНСИОН !

•Појадок 08:00-10:00ч. на база шведска масa;

•Вечера 18:30-21:00ч. на база шведска маса;

СЛИКИ И УСЛОВИ

РЕЗЕРВАЦИИ И ПЛАЌАЊЕ:
• За сигурна резервација се подраз бира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 20 дена пред започнување на аранжманот;
Попусти за рана уплата:
• Попустот за рана уплата од 10% важи за резервации направени до 01.02.2026; со аконтација од 50% од вкупниот износ на аранжманот и целосна доплата до 20 дена пред поаѓање;

НАПОМЕНА:
• Цените во табелата се дадени по лице и се однесуваат за услуга ПОЛУПАНСИОН за 7
ноќевања;
• Во собите е дозволено сместување на лица според бројот на кревети, и едно дете кое нема да користи кревет, на возраст до максимум 5,99 години.
• Прво дете во 1/3 соба, Приземје или Стандард, и 1/4 или 1/5 Студио и Апартман” од
0 до 11,99 г. со двајца возрасни на редовно легло – БЕСПЛАТНО;
• Второ дете во 1/3 Стандард, од 0 до 5,99 г. без легло – БЕСПЛАТНО
• Второ дете во 1/4 Студио или 1/4 и 1/5 Апартман, од 0 до 5,99 г. на редовно легло БЕСПЛАТНО
• Второ дете во 1/4 Студио или Апартман од 5,99 до 11,99 г. со двајца возрасни на редовно легло, плаќа 20% од цената
• Второ и трето дете во 1/5 Апартман од 5,99 до 11,99 г. со двајца возрасни на редовно
легло, плакаат по 20% од цената за возрасен
• Трето дете во 1/4 Студио или Апартман од 0 до 05,99 г. без легло – БЕСПЛАТНО
• Четврто дете во 1/5 Апартман од 0 до 5,99 г. без легло – БЕСПЛАТНО
• Втора, трета, четврта и петта возрасена особа над 12 години во 1/3 Приземје и Стандард, или 1/4 студио, и 1/4 и 1/5 апартман плаќаат по 60% од цената по лице;
• Туристичка такса се плаќа на лице место во хотелот;
• Во цената на аранжманите вклучено е користењето на клима уредот;
• Бесплатно користење на Wi-Fi интернет во склоп на хотелот и во соба;
• Сместување во собите е по 15:00 по локално време а напуштање е до 10:00 по локално време;
• За уплатени два последователни термини (7+7 ноќевања) одобруваме вкупен попуст од 5% (попустите не се комбинираат со актуелните промоции);
• Цените се изразени во евра, а плаќањето е во денарска противвредност 1 € = 62 денари;

Цената на превозот на релација Скопје – Халкидики – Скопје изнесува:
• возрасни: 50 € (еден правец 40 €)
• деца од 2 до 12 години: 40 € (еден правец 35 €)
• деца до 2 години: БЕСПЛАТНО (не користи седиште во автобус);

Можеби ќе Ви се допадне

PLAKUDIS ROOMS ex STRATOS – Stavros, Strimonikos

ZORBAS – Nea Flogita, Solunska regija

DIMITRA – Kalithea, Kassandra

Hotel Maiva **** – Ohrid

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel