22% попуст за резервации заклучно со 09.01.2026 за 50% уплата веднаш при резервација и целосна доплата заклучно со 06.02.2026
*ЗА ПЛАЌАЊЕ СО КАРТИЧКА ПОПУСТОТ СЕ НАМАЛУВА ЗА 2%
22% попуст за резервации заклучно со 09.01.2026 за 50% уплата веднаш при резервација и целосна доплата заклучно со 06.02.2026
*ЗА ПЛАЌАЊЕ СО КАРТИЧКА ПОПУСТОТ СЕ НАМАЛУВА ЗА 2%
Куќа “La Casa Apartments” е лоцирана во многу мирна уличка на само 30 метри од прекрасната плажа и 250 метри од центарот на местото и е идеална за семејства со деца, како и за патници кои преферираат вистинско уживање. Располагаме со два апартмани и еден голем дуплекс апартман на приземје. Секој сместувачки капацитет располага со опремена кујна, ТВ и сопствени тоалети. Бежичен интернет, клима уредот и сет пешкири се вклучени во цената. Туристичката такса се плаќа во агенција при уплата и истата изнесува 2 евра на ден по апартман. Апартманите имаат сопствени тераси со комарници и одличен, нов мебел. Во дворчето има голема заедничка, комплетно опремена кујна со буквално сите елементи (голем шпорет, фрижидер, кујнски прибор, садови …), како и скара, достапна за гостите за седенки и опуштање. Во непосредна близина на куќата има мини маркет, кафулиња и таверни. Паркирањето може да биде на самата улица доколку има слободно место или на 300 метри има градски паркинг кој е бесплатен.
1/2+2 апартман бр. 1 – приземје. Располага со дневна соба во која има софа на пуштање со опремена кујна (голем шпорет, мал фрижидер, комплет садови за готвење и јадење), како и одвоена спална соба со брачен кревет, тоалет со туш, клима, ТВ, Wi-Fi, сопствена пространа тераса со маса и столови.
1/2+2 апартман бр. 2 – приземје. Располага со дневна соба во која има софа на пуштање со опремена кујна (голем шпорет, голем фрижидер, комплет садови за готвење и јадење), како и одвоена спална соба со брачен кревет, тоалет со туш, клима, ТВ, Wi-Fi, сопствена пространа тераса со маса и столови.
1/6+2 дуплекс апартман бр. 3 – приземје. Простран дуплекс апартман, кој воедно е најголем сместувачки капацитет во куќата. Располага со дневна соба со опремена кујна (голем шпорет, голем фрижидер, машина за миење садови и комплет садови за готвење и јадење), две спални соби, два тоалета со туш, клима, ТВ, Wi-Fi. Во една спална соба има стандарден брачен кревет, а во другата уште еден стандарден брачен кревет и софа на пуштање, додека во дневната соба има голема гарнитура на пуштање (тросед). Од сите простории се излегува на една голема заедничка тераса опремена со маса и столови.

НАПОМЕНИ И УСЛОВИ:
Превоз:
Место на поаѓање:
Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.
© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel