Aparthotel Akropolis 3* - Skala Fourka, Kassandra

ЛЕТО 2027

Превоз

Сопствен
Автобуски

Оддалеченост од плажа

250 m

Грција

Халкидики>Касандра>Скала Фурка

ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 30.11.2026
20% ПОПУСТ ЗА 40% АВАНС СО РЕЗЕРВАЦИЈА И ДОПЛАТА 15 ДЕНА ПРЕД ПОАЃАЊЕ
ПОПУСТОТ Е ВАЛИДЕН ЗА ПЛАЌАЊЕ ВО ГОТОВО ИЛИ НА ФАКТУРА
ЗА ПЛАЌАЊЕ СО КАРТИЧКА НА ПОС ТЕРМИНАЛ ПОПУСТОТ СЕ НАМАЛУВА ЗА 2%

Хотел-Акрополис 3*се наоѓа во Фурка, на околу 250 метри од најблиската песочна плажа. Понудата е за услуга ноќевање, ноќевање со појадок или полупансион. Хотелот има и сопствен бар на плажа, каде што е можно користење лежалки и чадори со задолжителна потрошувачка во барот. Хотелот се наоѓа на локација каде имате прекрасен панорамски поглед на цела долина, како и поглед на море. Центарот на градот е оддалечен околу 950 метри од хотелот, како и ресторани, кафетерии и продавници.
Комплексот се состои од три згради, тип А, Б и Ц, кои се поврзани со главната зграда на објектот, во кој се наоѓа ресторанот. Над рецепцијата има тераса, опремена со маси и столови, која може да ја користат сите гости и од која има прекрасен поглед на морето и градот. Во понуда се два вида сместувачки единици кои се наоѓаат на приземје, на прв или втор кат.
Студиото може да прими најмногу три возрасни и дете и располага со брачен и единечен кревет, чајна кујна и бања.
Апартманите за четири лица се состојат од кујна, две спални соби и бања. Едната спална соба има брачен кревет, додека другата соба има два единечни кревети. Сместувачките единици се климатизирани (климата е вклучена во цена), а гостите имаат на располагање бесплатен Wi-Fi интернет, телевизор, како и чајна кујна, стандарден мал фрижидер со преграда за замрзнување. Бањите имаат туш без завеса, а некои единици имаат и туш со завеса. Верандите и балконите се опремени со гарнитури за седење. Сите соби имаат поглед на море, базенот или градината. На гостите им се на располагање бар и голем базен, а гостите можат бесплатно да користат лежалки и чадори. На песочната плажа е хотелски бар, а гостите можат да користат лежалки и чадори со нарачување пијалоци или храна. Чистењето, како и менувањето постелнина и пешкири се врши на половина од престојот. Во ова сместување НЕ се дозволени домашни миленици. Обезбеден е паркинг простор за гостите. Хотелот Акрополис е одличен избор за сите оние кои сакаат сместување со базен во близина на плажа. Сместувачките единици се добро опремени, и секогаш уредни и добро одржувани.

За термините од 19.06.2027 до 28.08.2027, појадокот е задолжителен и се доплаќа 10 € по лице. За деца од
0 до 6 години појадокот е бесплатен

 

Во цената е вклучено:
• 7 ноќевања
• Користење на клима уред
• Бесплатен Wi-Fi интернет
• Бесплатно користење на базен, лежалки и чадори околу базен

Во цената не е вклучено:
• Автобуски превоз
• Патничко осигурување
• Туристичка такса – 2 € по соба на ден (се плаќа во објектот)

Дополнителни услуги со доплата:
• Појадок – 10 € по лице.
• Вечера – 10 € по лице.
• За деца од 0 до 6 години – бесплатно.

ГАЛЕРИЈА

Информации,услови и попусти:
• Сместувањето во собите е по 14:00 часот (локално време), првиот ден.
• Напуштање на собите е најдоцна до 09:00 часот (локално време), последниот ден.
• Туристичката такса се плаќа на лице место, по пристигнувањето во обејктот.
• При уплата на два последователни термини се одобрува 7% попуст. (Попустите не се комбинираат.)
• Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата).
• Агенцијата не презема одговорност за квалитетот и покриеноста на интернет-конекцијата во сместувачките капацитети.

Напомена:
Веќе купените или резервирани аранжмани по редовни цени не подлежат на дополнителна корекција доколку истиот аранжман подоцна биде понуден по пониска цена преку промоции за рана резервација или Last Minute понуди. Ова важи и во случаи на откажување од страна на други клиенти, намалување на цената од страна на сопственикот или непродадени соби од закупениот контингент.

 

Место на поаѓање:
Скопје – Дрводекор
Штип – Паркинг пред Пошта
Велес – БП Мотел Македонија
Неготино – БП Неготино
ГП Богородица – БП Шимов
Битола – Автобуска станица Транскоп
Прилеп – БП Салида
Струга – Хотел Дрим
Охрид – БП Лук Оил, излез кон Битола

Ресен – Автобуска станица

 

Време за поаѓање од Грција

Место Грчко време Македонско време
Фурка 13:30 12:30
Сивири 14:00 13:00
Калитеа 14:15 13:15
Неа Потидеа 15:00 14:00

 

Напомени за автобускиот превоз
• Релациите означени како “трансфер” се реализираат со патничко возило или комбе.
• Првиот ден при пристигнување и последниот ден при заминување, патниците сами го пренесуваат багажот од местото на пристигнување до сместувачкиот објект и обратно.
• Ве замолуваме да бидете на местото на поаѓање најмалку 15 минути пред предвиденото време.
• Во летната сезона можни се доцнења поради зголемената густина на сообраќајот. Ви благодариме на разбирањето.
• Патниците се должни да бидат на договореното место и во договореното време, со потребните документи и багажот.
• Секој патник има право на 1 парче багаж до 23 кг и 1 парче рачен багаж.

Можеби ќе Ви се допадне

KALIOPI – Velika, Tesalija

CHARMILLION Club Resort 5* – Sharm el Sheikh

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright 2026 Art of Travel