Charmillion Club Resort има еден главен и шест A la Carte ресторани (можете да посетите 2 по ваш избор за време на вашиот престој) Рестораните во двата хотели можат слободно да ги користат гостите од другиот хотел. Секој хотел има посебна анимација и амфитеатар. Секоја среда има забава на плажа. Доцна вечера е достапна од 23:00 часот. На територијата на хотелот има 3 барови – Beach bar, Lobby bar и Pool bar, како и медицински центар, Спа центар, продавници. Charmillion Club Resort 5* Се наоѓа на 5 км од аеродромот Шарм ел Шеик, 20 км од Заливот Набк и 25 км од Стариот град, во заливот Набк, на плажа.
Хотелот е изграден во 2001-ва година, последен пат е реновиран во 2015-та година. Хотелот се состои од главна зграда на 2 ката и комплекс од двокатни згради, има приватна плажа со корален гребен и 3 ресторани. Нуди отворен базен и пространи соби со балкон. Пристапот до Интернет е достапен бесплатно во лобито и со доплата во собите и на јавните површини. Хотелот на своите гости им нуди: 24 часовен прием, лоби бар, бар на плажа, бар покрај базен, главен ресторан, снек бар, лежалки и чадори (бесплатно), нуркање и спортови на вода, анимација за време на престојот, детски клуб, детски игралишта, бебешко креветче, конференциски сали, одбојка на плажа, фитнес, аеробик, мини фудбалски терен на плажа, тениско игралиште, пинг понг, амфитеатар со програма за анимација, билјар. Хотелски услуги со доплата: спа центар, турска бања, парна бања, салон за убавина, центар за нуркање, доктор.
Charmillion Club Resort 5* има 374 соби целосно опремени: супериор соби, делукс соби, џуниор апартмани, делукс џуниор апартмани и соби за гости со посебни потреби, со современ декор и колоритен мебел со приватна тераса/балкон со спектакуларен поглед на море, базен или градина. Сите соби се климатизирани и имаат мини бар и сателитска ТВ, пространа бања со туш.
Супериор соби – со тераса и соба со големина од 42 m². Сите соби имаат поглед на градина, базен или море. Капацитет на собата: максимум 2 возрасни + 2 деца или 3 возрасни + 1 дете.
Делукс соба – Сите соби се реновирани со прекрасен поглед на морето или градината. Поврзаните простории се со површина од 42 m² со балкон. Капацитет на собата: максимум 2 возрасни + 2 деца.
Junior suite – со површина од 62 m² со поглед на море. Максимум 2 возрасни + 2 деца или 3 возрасни + 1 дете Секој апартман вклучува една главна спална соба + една дневна соба со една софа и трпезариска маса.
Делукс Џуниор апартман – Сите апартмани се со површина од 72 m² со поглед на море. Максимум 2 возрасни + 2 деца или 3 возрасни + 1 дете. Секој апартман вклучува една мастер спална соба + една дневна, 2 бањи и џакузи.
Charmillion Club Resort 5* има своја приватна плажа. Користењето на чадори и лежалки е бесплатно. Вечерни програми со повеќејазичен тим за анимација. Здравствениот клуб нуди по нешто за секого; сауна, џакузи, парна бања, турска бања и салон за убавина. Гостите можат да уживаат во целосно опремена теретана. Одморалиштето има банка отворена секој ден од 9:00 до 21:00 часот, нуди и банкомат, прифатени се Visa и Master картички. Постарите деца можат да го поминуваат своето слободно време учествувајќи во различните активности што ги планира тимот за анимација. Детскиот клуб работи од 10:00 до 13:00 часот и од 15:00 до 17:00 часот.
Термин на поаѓање: 26.12.2024
Цените за пакет аранжман се движат од:
супериор соба од 925 еур по лице
Макс. капацитет 3 возрасни или 2 возрасни + 2 деца до неполни 13 год.
супериор соба поглед базен од 1040 еур по лице
Макс. капацитет 3 возрасни или 2 возрасни + 2 деца до неполни 13 год.
стандардна соба на плажа од 1115 еур по лице
Макс. капацитет 3 возрасни или 2 возрасни + 2 деца до неполни 13 год.
супериор соба поглед море од 1080 еур по лице
Макс. капацитет 3 возрасни или 2 возрасни + 2 деца до неполни 13 год.
Задолжителна доплата на новогодишна вечера 90 еур по лице / дете 45 еур
Цената вклучува:
– Авио билет со чекиран багаж 20 kg/ 5 kg рачен багаж со авиокомпанија European Air Charter
– 7 ноќевања на база All Inclusive
– Лоби бар
– Бар на плажа
– Бар покрај базен
– Главен ресторан
– Снек бар
– Лежалки и чадори (бесплатно)
– Нуркање и спортови на вода
– Анимација за време на престојот
– Детски клуб
– Детски игралишта
– Трансфер аеродром – хотел – аеродром
– Претставник на тур-оператор
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
– Египетска виза 25 $ – се плаќа на влез во Египет
– Такса за гориво /задолжителна доплата/. Се објавува 21 ден пред поаѓање од страна на авио компанијата. *Само во случај на зголемувањето на цената на горивото!
ЗА ВАЛИДНА РЕЗЕРВАЦИЈА Е ПОТРЕБНА 50% УПЛАТА во готово или на сметка на Арт оф Травел. Доплата најдоцна 30 дена пред поаѓање. Плаќањето е во денари по курс 1 еур=62 ден.
Документите се издаваат 5 дена пред поаѓање!
Ред на летање (подложно на измени):
Софија – Шарм Ел Шеик – 15:30 – 17:30 часот (по локално време)
Шарм Ел Шеик – Софија – 18:30 – 23:00 часот (по локално време)
Услови за откажување на резервација од страна на патникот:
Патникот е должен по писмен пат да достави допис за откажување на патување. Истиот ќе биде проследен до организаторот на патувањето. Пеналите се според денот на откажувањето и за истите важат посебни услови на откажување усогласени со условите на давателот на услугата, а не Општите на Арт оф Травел:
31+ денa пред поаѓање 70 еур/по лице;
30-22 ден пред поаѓање 40% од вредноста;
Под 21 ден 100% пенали.
Факултативни излети:
Разглед на Шарм Ел Шеик / возрасни 21 еур / деца 11 еур
Полудневна екскурзија, која има информативен карактер за туристите. Посета на споменикот на мирот, коптската црква Света Богородица и плоштадот Сохо. Земете со себе: вода, крема за сончање, капа, очила, камера, пари за бакшиш.
Во цената е вклучено: трансфер. Во цената не се вклучени: лични трошоци.
Целодневна екскурзија до Синајскиот манастир Света Катерина /возрасни 72 еур / деца 46 еур
Состанок рано наутро. Поаѓање до резерватот Света Катерина (околу 3 часа)
Посета на Синајскиот манастир Света Катерина, кој бил изграден во подножјето на и планината Синај во Египет од страна на императорот Јустинијан | помеѓу 527 и 565 година. Според легендата, ангелите на ова место го носеле телото на света великомаченичка Екатерина по нејзиното обезглавување. Тука Мојсеј ја видел запалената грмушка, знак од Бога и објавата дека е избран за пророк. Ова е најстариот манастир во историјата, кој никогаш не престанал да врши богослужби и е активен и денес. Прогласен е за светско наследство од страна на УНЕСКО. Ја посетуваме црквата до манастирот и продолжуваме со обиколка на базиликата, разгледување на запалената грмушка и бунарот на Мојсеј. Патуваме во градот Дахаб, каде ручаме во ресторан покрај море. Слободно време за шопинг. Поаѓање назад кон Шарм Ел Шеик.
Во цената е вклучено: превоз, услуга за туристички водич, ручек. Во цената не се вклучени: лични трошоци
Нуркање околу прекрасните гребени на Црвеното Море /возрасен 60 еур / деца 31 еур
Состанок наутро и поаѓање. Првата станица е нуркачки центар каде што ќе можете да ја изнајмите потребната опрема. Бродот ќе тргне од Марина Травко. За време на патувањето, ќе имате три места за нуркање меѓу прекрасните гребени на Црвеното Море. Враќање во марината и во хотелите.
Корисни информации: Националниот парк Рас Мохамед е една од најпопуларните области за нуркање во Египет. Со својата широка разновидност на морски свет, можете да очекувате интересен ден за истражување на Црвеното Море. Земете со себе: пасош, крпи за плажа, крема за сончање, капа, очила, пари за бакшиш, ЕКО такса
Во цената е вклучено: безалкохолни пијалоци на брод, ручек, трансфери, претставник на компанијата, инструктор. Во цената не се вклучени: лични трошоци.
Mini Jeep Safari – посета на Националниот парк Набк /возрасни 51 еур / деца 31 еур
Поаѓање од хотелите со џипови во раните попладневни часови. Поаѓање кон Националниот парк Набк. Стигнување до широк кањон, каде што пешачиме малку, потоа се враќаме на џиповите и продолжуваме до долините Хоризат и Толаихат. Се симнуваме од џиповите и поминуваме низ тесен кањон кој не води до плажите Набк и до бедуинскиот шатор. Следно е јавање на камили (околу 20 минути) по плажата. Потоа чај и лесна бедуинска вечера. Поаѓање кон хотелите. Не се препорачува за луѓе со проблеми со грбот или бремени жени.
Земете со себе: пасош, вода, удобни чевли, крема за сончање, капа, очила, пари за бакшиш.
Во цената е вклучено: влезница во националниот парк, јавање на камила, вечера со бедуини и безалкохолни пијалоци, претставник на компанијата. Во цената не се вклучени: лични трошоци.
ВАЖНО:
1. Минимален број на туристи: 150 лица;
2. Период на известување за неопходен минимум за реализација – 21 ден;
3. Пасошот треба да е со важност најмалку 6 месеци по датумот на враќање;
4. Туроператорот го задржува правото да направи промени во програмата и ред на летање.
Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.
© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel