Ionian View House - Vrahos, Ionian coast

ЛЕТО 2027

Превоз

Автобуски
Сопствен

Оддалеченост од плажа

90 метри

Грција

Јонски Брег>Врахос

ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 27.11.2026
10% ПОПУСТ ЗА 50% УПЛАТА СО РЕЗЕРВАЦИЈА И ДОПЛАТА ДО 05.03.2027
*За сезонски и вонсезонски термини*
*ЗА ПЛАЌАЊЕ СО КАРТИЧКА ПОПУСТОТ СЕ НАМАЛУВА ЗА 2%

IONIAN VIEW се наоѓа во Врахос, на 90 метри оддалеченост од плажа и нуди прекрасен поглед на Јонското море, бидејки сите сместувачки единици се на последен кат (поткровје). Располага со трокреветни студија (еден дупли и еден единечен кревет) и апартман со една спална (еден дупли кревет, еден единечен и една софа), лоцирани на последниот кат (поткровје). Опремени се со сопствен тоалет, кујна со прибор за готвење и јадење, балкон со поглед на море. Користењето на клима уредот е со доплата на лице место.

 

Вонсезонски термини – пакет арамнжман (сместување со вклучен превоз по лице) за термините 29.05. – 19.06. и 04.09. – 18.09.
Цените во табелата за вонсезонските термини се обележани со* и обоени во црвено. Во пакет аранжманите важи следново правило: за престој во апартман плаќаат најмалку 2 лица. Доколку престојуваат три или четири лица, истите плаќаат само превоз доколку користат.
За патниците кои нема да користат организиран превоз, цената на пакет аранжманот не се намалува.
Сезонски термини – наем на студиото или апартманот за 7 или за 9 ноќевања.

Цена за превоз:
Превоз за возрасен 80€ / Еден правец 70€
деца до 12 години 70€ / Еден правец 65€
Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно

Термините во табелата се донови на започнување на аранжманот, а поаѓањето со организиран превоз е ден порано. Состанок на група половина час пред наведеното време.

ГАЛЕРИЈА

Вонсезонски термини – пакет арамнжман (сместување со вклучен превоз по лице)  за термините 29.05. – 19.06. и  04.09. – 18.09.

Цените во табелата за вонсезонските термини се обележани со* и обоени во црвено. Во пакет аранжманите важи следново правило: за престој во апартман плаќаат најмалку 2 лица. Доколку  престојуваат три или четири лица, истите плаќаат само превоз доколку користат.

За патниците кои нема да користат организиран превоз, цената на пакет аранжманот не се намалува.

Сезонски термини –  наем на студиото или апартманот за 7 или за 9 ноќевања.

 

Цена за превоз:

Превоз за возрасен 80€ / Еден правец 70€

деца до 12 години 70€ / Еден правец 65€

Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно

 

Термините во табелата се донови на започнување на аранжманот, а поаѓањето со организиран превоз е ден порано.  Состанок на група половина час пред наведеното време.

 

Скопје,  улица Македонија – Хотел Бристол во 23.00 часот

Велес, бензинска станица, мотел Македонија во  23:30 часот

Неготино, бензинска станица “Макпетрол”во  00:00 часот

Гевгелија, бензинска станица, граничен премин во  01:00 часот

Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање.

Патникот е должен минмум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање  да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.

 

НАПОМЕНИ И УСЛОВИ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА

 ЦЕНИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ

  • Цените наведени во табелите се однесуваат на Пакет аранжман * и  наем на студио / апартман за 7 ноќевања.
  • Туристичката такса изнесува 2 € дневно по студио/апартман, не е вклучена во цената и се плаќа директно во објектот.
  • Сите цени се изразени во евра, а уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност, по фиксен курс од 1 € = 62,00 денари.
  • Патничкото осигурување е задолжително и не е вклучено во цената на аранжманот.

 

ПОПУСТИ И СПЕЦИЈАЛНИ ПОНУДИ

  • При резервација и уплата на два последователни термини, се одобрува 10% попуст на вториот термин, пресметан исклучиво на редовната цена.
  • Попустите не можат да се комбинираат. Попустот за рана резервација и попустот за два последователни термини меѓусебно се исклучуваат.
  • На промотивните и специјалните цени не се одобруваат дополнителни попусти.
  • Организаторот го задржува правото да понуди слободни капацитети по специјални Ultra First Minute или Last Minute цени, кои може да се разликуваат од редовно објавените.
  • Патниците кои претходно резервирале и уплатиле аранжман по важечкиот ценовник немаат право на поврат на разликата во цената доколку дополнително биде објавена пониска промотивна понуда.
  • Услови за откажување на First Minute и Last Minute резервации:

За сите резервации на аранжмани направени во рамки на First Minute и Last Minute понудите, важат следните услови за откажување:

–          До 15 дена пред датумот на поаѓање: се наплатуваат пенали во висина од 50% од вкупната вредност на аранжманот.

–          На помалку од 15 дена пред датумот на поаѓање: се применуваат одредбите за откажување согласно Општите услови на патување

 

РЕЗЕРВАЦИИ И УСЛОВИ ЗА УПЛАТА

  • Резервацијата се смета за потврдена исклучиво по извршена авансна уплата од 30% од вкупната вредност на аранжманот.
  • Преостанатиот износ мора да биде целосно уплатен најдоцна 15 дена пред датумот на поаѓање.
  • Усните и телефонските резервации без соодветна авансна уплата не се сметаат за валидни.

 

СМЕСТУВАЊЕ И КАПАЦИТЕТ

  • Во студиото или апартманот е дозволено сместување согласно предвидениот број кревети и капацитетот на сместувачката единица.
  • По претходно барање, дозволено е сместување на најмногу едно дете до 6 години над предвидениот капацитет, под услов детето да го дели креветот со двајца возрасни.
  • Бројот и идентитетот на сместените лица мора да одговараат на податоците наведени во ваучерот издаден од организаторот.

 

ПРИЈАВУВАЊЕ И ОДЈАВУВАЊЕ

  • Пријавување (Check-in): по 14:00 часот, по локално време.
  • Одјавување (Check-out): најдоцна до 09:00 часот, по локално време.

 

 ПРАВИЛА ЗА ПРЕСТОЈ

  • Гостите се должни да го користат сместувањето одговорно и по завршувањето на престојот да го остават студиото или апартманот во чиста и уредна состојба.
  • За секоја материјална штета предизвикана за време на престојот, одговорноста ја сноси гостинот, кој е должен да ја надомести штетата директно на сопственикот на објектот.
  • Доколку користењето на клима-уред е вклучено во цената, гостите се должни да го исклучуваат при напуштање на сместувањето. Во случај на непочитување на ова правило, сопственикот го задржува правото да го ограничи или прекине користењето на оваа услуга.
  • Организаторот не презема одговорност за брзината, стабилноста и квалитетот на интернет-конекцијата во сместувачкиот објект или дестинацијата.

 

 ПАТНИ ДОКУМЕНТИ

  • Секој патник е лично одговорен за валидноста, исправноста и навременото обезбедување на потребните патни документи.
  • Невалидни, истечени или нецелосни патни документи не претставуваат основ за бесплатно откажување на аранжманот или промена на резервираниот термин.

ВАЖНО:

Со потврдување на резервацијата и уплата на авансот, патникот потврдува дека е запознаен со наведените услови за резервација, плаќање и престој.

При промена на резервација или отказ на резервација задолжителни се 620 денари манипулативни трошоци, покрај примената на Општите услови.

Можеби ќе Ви се допадне

Hotel Ozka ** – Kusadasi

Hotel Sileks **** – Ohrid

Wyndham&Ramada Loutraki Poseidon Resort 5* – Loutraki, Peloponez

MEDITERRANEAN Resort **** – Paralia Katerinis, Pieria

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright 2026 Art of Travel