АСПРОВАЛТА

ЛЕТО 2026

АСПРОВАЛТА

 

 

Аспровалта е комбинација на се што може да го интересира секој посетител: златната плажа, чистото море, планината Кердилиа, езерото, многу зеленило, археолошките и историските наоѓалишта. Припаѓа на општината Димос Волвис и Солунската регија. Брегот на ова модерно туристичко гратче со години е наградувана со сино знаме. Убаво уредената плажа и услугата, забавата и сместувањето, културните манифестации кои ги организираат жителите, ги привлекуваат и најпробирливите. Во бројните продавници, бутиците и маркетите, се наоѓа за секого по нешто. Погодна за сите генерации поради кафетерии и клубови во центарот и на самата плажа, бројните таверни и ресторани со рибни и традиционални грчки специјалитети. Жителите се гостопримливи и традиционални што се гледа во секојдневниот живот, работа, игра, песна.

Плажата е пространа, долга околу 3 km, а широка околу 200 m. Опкружена е со високи планини и бујното зеленило. Аспровалта значи бела долина, поради беличастиот песок со кој е прекриена во комбинација со камчиња на влезот во морето. Морето е со нормална длабочина, чисто и бистро и носител на сино знаме. Плажата е уредена, организирана, со тушеви и кабини за пресоблекување, лежалки и чадори бесплатни со конзумација на пијалок. Уз плажата е долго шеталиште и убав парк со детско игралиште, убави медитерански растенија, клупи и фонтана. Добра е и за семејства со деца, поради тоа што никогаш не е преголема гужва, особено каде што нема барови. Во близина е и бесплатен паркинг, во самото место.

ZILI – Asprovalta, Strimonikos

Куќата се наоѓа на првата линија до морето. Сместена е во мирниот дел на Аспровалта, на околу 600м оддалеченост од пешачката зона. Поседува простран и комплетно опремен дуплекс апартман и затоа ја ...

TAKIS – Asprovalta, Strimonikos

Takis се наоѓа во близина на центарот на Аспровалта, во мирниот дел, на 30 m позади главната трговска улица со многуте разновидни продавници, ресторани, таверни, кафетерии, пекарници, ...

5%-15%

*31.12.26

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ

DIMITRIS – Asprovalta, Strimonikos

Се наоѓа во поширокиот центар на Аспровалта, покрај главното шеталиште, на околу 50 m oд плажа. Студијата се комплетно опремени, а поголем дел се со поглед на море. Има и скара во убаво уредениот двор. Паркирањето е дозволено пред куќата...

10%-15%

*31.12.25

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ

AGAPIOS House – Asprovalta, Strimonikos

AGAPIOS – Куќата се наоѓа на само 50 м до морето, во мирниот дел на Аспровалта, на околу 700 m оддалечена од пешачката зона. Плажата е уредена, има бар со лежалки и чадори за сонце. Прв, добро снабдевен супер маркет ...

10%-15%

*31.12.25

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ

DIMITRIS 2 – Asprovalta, Strimonikos

Dimitris Ammos е со одлична локација, на само 60 m од шеталиштето и плажата, во центарот на летувалиштето. Располага со двокреветни и трокреветни студија и двокреветни и трокреветни апартмани. ...

5%-15%

*31.12.25

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ

STELA – Asprovalta, Strimonikos

STELA House се наоѓа во мирниот дел на Аспровалта, во споредна уличка, меѓу главната улица и шеталиштето, на околу 150м од плажата. Во близина е главната улица со разновидна понуда неопходна за ...

5%-15%

*31.12.25

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ

SOKRATIS – Asprovalta, Strimonikos

SOKRATIS –Куќата се наоѓа во централниот дел на Аспровалта, на околу 150 m од плажа. Близина на плажата, шеталиштето, таверните, кафетериите, маркетите ја чини особено примамлива за сите категории...

10%-15%

*31.12.25

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel