Thanasis (ex Bouzalis) House - Nea Flogita, Solunska Regija

ЛЕТО 2026

Превоз

Сопствен
Автобуски

Оддалеченост од плажа

На плажа

Грција

Солунски Залив>Неа Флогита

22% попуст до 05.12.2025 за 50% уплата со резервација и целосна доплата до 09.01.2026

*ЗА ПЛАЌАЊЕ СО КАРТИЧКА ПОПУСТОТ СЕ НАМАЛУВА ЗА 2%

Куќа „Thanasis Apartments“ ( ex – Bouzalis ) е лоцирана на самото шеталиште во Неа Флогита, на идеална локација во местото, прва линија од море. Куќата располага со студија, апартмани и дуплекс апартмани со најразлична големина кои се целосно реновирани. Дел од сместувачките капацитети имаат директен поглед на море, а останатите имаат поглед на улица или во дворот, а се наоѓаат на прв и втор кат. Сите сместувачки капацитети имаат сопствени тоалети и се опремени со кујни (електрични шпорети со рерни, фрижидери со одвоени комори и сите потребни садови за готвење и јадење), комарници, телевизор, фен и клима уред чие користење е вклучено во цената. Опремени се со постелнина и пешкири кои се менуваат еднаш во текот на седум дена. Затоплувањето на водата во најголем дел од сместувачките капацитети е со сончеви колектори (во несончеви денови водата се затоплува на струја) , а куќата е покриена со бежичен интернет. Во непосредна близина има паркинг простор, а место за паркинг има и на самата улица околу објектот.

 

1/3 Апартман бр. 8 – втор кат. Апартманот има две простории. Во првата соба има комплетно опремена кујна во која има мини шпорет со рерна, голем фрижидер со одделена комора и комплет садови за готвење и јадење. Во кујната се наоѓа климата. Од кујната се излегува на терасата која има поглед кон другиот дел од куќата и во дворот, опремена со пластична маса и столчиња. Другата соба е одделена со врата и има еден брачен кревет (димензии 190-140 см) и еден единечен кревет (190-82 см). Опременa е со квалитетен мебел, фен и телевизор. Собата има прозорец кој гледа кон ходникот. Има потесно купатило со туш.

 

1/5 Дуплекс апартман бр. 9 – втор кат. Дуплекс апартманот има две одделни спални соби меѓу кои се наоѓа купатилото и мал простор меѓу нив во кој се сместени елементите од кујната (мини шпорет со рерна, аспиратор, голем фрижидер со одделена комора, комплет садови за готвење и јадење, како и мала масичка со столчиња). Во едната спална соба има еден брачен кревет и еден стандарден единечен кревет, мебел, фен и телевизор. Собата има прозорец кој гледа кон ходникот. Во другата соба има еден брачен кревет (димензии 190-140 см), мебел, фен и телевизор и клима. Од собата се излегува на терасата која има директен фронтален поглед на море и е опремена со пластична маса и столчиња. Дуплекс апартманот има купатило со сопствен бојлер.

 

1/3 Студио бр. 10 – втор кат. Студиото има една просторија. На самиот влез има комплетно опремена кујна со мини шпорет со рерна, аспиратор и комплет садови за готвење и јадење. Во овој дел се наоѓа климата. Во продолжение на просторијата има еден брачен и еден единечен кревет, мебел, телевизор, фен и голем фрижидер со одделена комора. Од студиото се излегува на терасата која има директен поглед на море и е опремена со пластична маса и столчиња. Има потесно купатило со туш.

 

1/3+1 Апартман бр. 12 – прв кат. Апартманот има две простории кои меѓу себе се одделени со врата. Во првата просторија има еден единечен помал кревет (димензии 170-82 см) и комплетно опремена кујна во која има мини шпорет со рерна, голем фрижидер со одделена комора и комплет садови за готвење и јадење. Тука се наоѓа климата. Од кујната се излегува на терасата која има поглед кон другиот дел од куќата и меѓу влезовите и е опремена со пластична маса, столчиња и тенда која на гостите во апартманот им овозможува приватност. Во другата просторија има еден брачен кревет (димензии 190-140 см) и еден единечен кревет (димензии 180-90 см). Опремен е со квалитетен мебел, фен и телевизор. Собата има прозорец кој гледа кон ходникот. Апартманот има пространо купатило со туш.

 

1/3+1 Апартман бр. 13 – прв кат. Апартманот има две простории кои меѓу себе се одделени со врата. Во првата просторија има еден единечен кревет (димензии 190-90 см) и комплетно опремена кујна во која има мини шпорет со рерна, голем фрижидер со одделна комора и комплет садови за готвење и јадење. Тука се наоѓа климата. Во другата просторија има еден брачен кревет (димензии 192-140 см) и еден единечен кревет (димензии 180-82 см). Опременa е со квалитетен мебел, фен и телевизор. Терасата е помала и има страничен поглед на море, а опремена е со пластична маса и столчиња. Има стандарден тоалет со туш.

 

1/3+1 Апартман бр. 15 – прв кат. Апартманот има две простории кои меѓу себе се одделени со врата. Во првата просторија има еден единечен кревет (димензии 190-90 см) и комплетно опремена кујна во која има мини шпорет со рерна, голем фрижидер со одделена комора и комплет садови за готвење и јадење. Тука се наоѓа климата. Од кујната се излегува на потесна тераса која има поглед на улицата од задниот дел на куќата, опремена со пластична маса и столчиња. Во другата просторија има еден брачен кревет (димензии 192-140 см) и еден единечен кревет (димензии 180-82 см). Опремен е со квалитетен мебел, фен и телевизор. Собата има прозорец кој гледа кон ходникот. Апартманот има стандарден тоалет со туш.

 

1/5 Дуплекс апартман бр. 16 – втор кат. Дуплекс апартманот има три простории, од кои две се посебно издвоени спални соби со врати и посебна кујна што се наоѓа во средина меѓу двете соби. Во едната спална соба има еден брачен кревет (димензии 195-135 см) и еден единечен кревет (димензии 190-90 см), квалитетен мебел, фен и телевизор. Во втората спална соба има брачен кревет (димензии 192-132 см). Од едната соба и од кујната се излегува на пространа тераса со поглед на улица опремена со пластична маса и столчиња. Во средината меѓу двете спални соби има комплетно опремена кујна во која има голем шпорет со рерна, аспиратор, голем фрижидер со одделена комора и комплет садови за готвење и јадење. Тука се наоѓа и клима уредот. Апартманот има реновиран простран тоалет со туш.

 

1/3+1 Апартман бр. 19 – втор кат. Апартманот има две простории кои меѓу себе се одделени со врата. На самиот влез во апартманот се наоѓа климата. Во првата просторија има еден стандарден единечен кревет (димензии 190-90 см) и комплетно опремена кујна во која има мини шпорет со рерна, голем фрижидер со одделена комора и комплет садови за готвење и јадење. Во другата просторија има еден брачен кревет (димензии 192-140 см) и еден единечен кревет (димензии 180-82 см). Опремен е со квалитетен мебел, фен и телевизор. Терасата е со нормална големина, опремена е со пластична маса и столчиња и има поглед на задниот дел на куќата, кон друг објект. Има простран тоалет со туш.

 

1/6 Дуплекс апартман бр. 24 – прв кат. Дуплекс апартманот има три простории, од кои две се посебно издвоени спални соби со врати и посебна кујна што се наоѓа во средина меѓу двете соби. Во едната спална соба има брачен кревет (димензии 195-135 см) и стандарден единечен кревет (димензии 190-90 см), мебел, фен и телевизор. Собата има прозорец кој има поглед кон улицата. Во втората спална соба има брачен кревет (димензии 192-132 см) и еден единечен кревет (димензии 180-85 см), мебел, фен и телевизор. Од собата се излегува на долга тераса со поглед на улицата, опремена со пластична маса и столчиња. Во средината меѓу двете спални соби има комплетно опремена кујна во која има голем шпорет со рерна, аспиратор, голем фрижидер со одделена комора и комплет садови за готвење и јадење. Тука се наоѓа и клима уредот. Од кујната исто така се излегува на терасата. Апартманот има станадарден тоалет со туш.

 

1/8 Дуплекс апартман бр. 28 – втор кат. Дуплекс апартманот има три простории, од кои две се посебно издвоени спални соби со врати и посебна кујна што се наоѓа во средина меѓу двете соби. Во едната спална соба има четири кревети од кои еден брачен кревет (димензии 190-140 см) и два стандардни единечни кревети (димензии 190-90 см), мебел, фен и телевизор. Собата има прозорец кој има поглед меѓу влезовите на куќата. Во втората спална соба има три кревети од кои еден брачен кревет (димензии 192-132 см) и еден стандарден единечен кревет (димензии 190-90 см), мебел, фен и телевизор. Од оваа спална соба се излегува на голема пространа тераса со директен фронтален поглед на море, која е опремена со пластична маса, столчиња и тенда. Во средината меѓу двете спални соби има пространа комплетно опремена кујна во која има голем шпорет со рерна, аспиратор, голем фрижидер со одделена комора и комплет садови за готвење и јадење. Тука се наоѓа и клима уредот. И од кујната се излегува на истата тераса која продолжува кон едната спална соба. Во оваа просторија се наоѓа уште еден стандарден единечен кревет (димензии 190-90 см). Дуплекс апартманот располага со сопствен стандарден тоалет со туш.

 

1/6 Дуплекс апартман бр. 29 – втор кат. Дуплекс апартманот има три простории, од кои две се посебно издвоени спални соби со врати и посебна кујна што се наоѓа во средина меѓу двете соби. Во секоја спална соба има по еден стандарден брачен кревет (димензии 190-140 см) и еден стандарден единечен кревет (димензии 190-90 см), мебел, фен и телевизор во секоја спална соба. Од едната спална соба се излегува на голема пространа тераса со директен фронтален поглед море, опремена со пластична маса, столчиња и тенда а и од другата спална соба исто така има уште една помала тераса која гледа кон улица. Во средината меѓу двете спални соби има пространа комплетно опремена кујна во која има голем шпорет со рерна, аспиратор, голем фрижидер со одделена комора и комплет садови за готвење и јадење. Тука се наоѓа и клима уредот. Од кујната се излегува на истата тераса која продолжува кон едната спална соба. Дуплексот располага со сопствен стандарден тоалет со туш.

СЛИКИ И УСЛОВИ

НАПОМЕНИ И УСЛОВИ:

• ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО/АПАРТМАН/ДУПЛЕКС ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
• За возрасни 55 евра, еден правец 45 евра
• За деца до 12 години 45 евра, еден правец 40 евра
• Деца до неполни 2 години бесплатно, без седиште
• ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
• ВО ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ за сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ.
• Во вонсезонските цени во студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
• Во вонсезонските цени во апартман плаќаат минимум 3 лица | 4-то и 5-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
• Во вонсезонските цени во дуплекс апартман бр 9, 16, 24 и 29 плаќаат минимум 4 лица | 5-то и 6-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
• Во вонсезонските цени во дуплекс апартман бр. 28, плаќаат минимум 6 лица | 7-мо и 8-мо лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
• ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ обележани со * не подлежат на попуст и истите се непроменливи (за сопствен превоз цената не се намалува).
• Во студио / апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
• Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица. Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица.
• Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
• Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
• Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро=62 мкд).
• Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.
• Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
• Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 15 дена пред терминот на поаѓање.
• Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
• Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем.
• Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници или сликани од нас.
• Сликите и текстот на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат само информации за сместувачките единици.
• Информациите за објектот ги ажурираме, но не гарантираме дека се целосни или не содржат грешки.
• За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
• Туристичката такса се плаќа на лице место кај сопствениците на објектите, истата изнесува 2 евра на ден по студио/апартман.
• Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Агенцијата НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
• Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
• Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

Превоз:
• Тргнувањето се договара најдоцна 48 часа пред секоја смена, додека за враќањето од Грција кон Македонија, местото и времето се договараат со придружникот-пратител на групата.
• Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање според локалните сообраќајни услови.
• Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
• Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување. Се замолуваат патниците да понесат оптимална количина или број на патни торби, куфери и сл. а со цел патувањето да биде полесно и комотно за сите. Доколку нема доволно простор за прекумерниот багаж превозникот не може да сноси одговорност, истата е на секој патник поединечно.
• Агенцијата, распоредот на седење во автобус го прави 2 дена пред датумот на поаѓање и истиот се прави системски според денот т.е. датумот на уплата на аранжманот.
• Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 20 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.

Место на поаѓање:
• Скопје – хотел ‘Russia’
• Куманово – БП Макпетрол (автопат)
• Велес – БП Макоил
• Неготино – БП Макпетрол Неготино
• ГП Богородица

Можеби ќе Ви се допадне

Livadhiotis City Hotel 3* – Larnaca, Kipar

SANTA LUCIA 4* – Cefalu, Sicilija

PORTO MATINA Hotel *** – Metamorfosis, Sithonia

VINCCI EVEREDEN Resort **** – Atika

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel