Hotel Kraljevi Cardaci **** - Копаоник

ЗИМА 2026 / 2027

УСЛУГА

BB / HB

Оддалеченост од центарот

5 км / Викенд населба Треска

Србија

Копаоник

10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 31.10.2026 И КОМПЛЕТНА УПЛАТА
*ЗА ПЛАЌАЊЕ СО КАРТИЧКА ПОПУСТОТ СЕ НАМАЛУВА ЗА 2%

Хотелот е изграден 2011 година и е дел од комплексот Краљеви Чардаци Спа, кој во свој состав има 550 сместувачки единици, а ла карт ресторан Чардак и пансионски ресторан, пивница, лоби бар, камин сала, спа бар, фитнес центар, фризерски салон, детска игрална, конгресен центар, супермаркет.  Се состои од неколку згради споени во комплекс. Од 2018 година во понуда е и новото хотелско крило, како и Камин Бар. Од старите содржини, тука се главниот пансионски ресторан, а ла карт ресторан, пивница, еден од најубавите СПА центри на Копаоник, надворешен базен, паркинг, остава за ски опрема. Трансфер до ски лифтот е обезбеден од страна на хотелот.

 

Опис на сместувачкките единици

Двокреветна стандардна соба – купатило (туш кабина, фен, бањарка), француски кревет, кабловска ТВ/ЛЦД, телефон, мини-бар, ел. бокал, сеф, бежичен интернет

Супериор соба – купатило (туш кабина, фен, бањарка), француски кревет, софа на расклопување, кабловска ТВ ЛЦД, телефон, мини-бар, ел. бокал, сеф, бежичен интернет

1/2+2 апартман – купатило (туш кабина, фен, бањарка), дневна соба со софа на извлекување, спална соба со француски кревет и еден единечен кревет, кабловска ТВ/2 ЛЦД телевизори, телефон, мини-бар, ел. бокал или мини кујна, сеф, бежичен интернет

1/2+3 апартман – купатило (туш кабина, фен, бањарка), дневна соба со софа на извлекување, спална соба со француски кревет, кабловска ТВ/2 ЛЦД телевизори, телефон, мини-бар, ел. бокал, сеф, бежичен интернет

Фамилијарен апартман – купатило (туш кабина, фен, бањарка), дневна соба со софа на извлекување, две спални соби, едната со француски кревет, другата со две единечни легла, мини кујна или мини бар со ел. бокал, кабловска ТВ/ЛЦД телевизор, телефон, сеф, бежичен интернет

Последните години хотел нема конкретен ценовник, туку функционира со динамични цени според побарувачката и пополнетоста на капацитетите!

За Вашиот посакуван период на престој Ве молиме јавете се директно во агенција или пратете допис со податоци (термин, должина на престој, за колку лица (за децата задолжителен датум на раѓање)) и понудата ќе Ви биде пратена.

 

 

Цената вклучува:
·      Ноќевање на база ноќевање со појадок или полупансион (појадок и вечера) на база на шведска маса

·      (Во случај на помалку од 30 гости во хотелот, оброците се служат по принцип на сет мени)

·      Неограничено користење на содржините на SPA & WELLNESS центарот (со топла врска): затворен базен 14x6m со jacuzzi, финска сауна, био сауна, парна бања, амам, солена пештера, kneipp базен, тепидариум 

·      *Дозволен престој на деца над 15 г!

·      неограничено користење на Fitness центарот

·      превоз до ски-депо пет пати на ден за време на работа на жичарата

·      користење на ски остава со ски сервисот на 30 m оддалеченост од патеката „Malo jezero” (покрај големиот паркинг кој се доплаќа)

·       бебешко креветче на барање

·       Бежичен интернет во целиот хотел

·      Паркинг место по автомобил, на отворено /се плаќа на лице место/, гаража /се плаќа на лице место/ Не е возможна резервација однапред!

 

Цената не вклучува (задолжителна доплата на лице место):
·      Такса за престој. Деца помали од 7 г не плаќаат.

·      Осигурување по лице на ден плаќаат сите.

ГАЛЕРИЈА

Политика на откажување:
·     20 или повеќе денови пред почетокот БЕЗ ПЕНАЛИ (само административни и банкарски трошоци)

·     19 -11 дена пред 30%

·     10 – 0 дена пред 100%

·     Во случај на предвремено напуштање на хотелот, хотелиерот нема обврска на враќање на сумата.

 

По направена резервација промена на терминот само на барање со согласност на хотелот. Неповолни временски услови нема да се земат во предвид како причина за откажување на резервација

За валидна резервација е потребна уплата од мин 50% од вкупната сума. Останатиот дел се доплаќа најдоцна 21 ден пред поаѓање. Во случај кога се користи попуст за рана резервација, сумата е нерефундабилна и се уплаќа 100%. Плаќањето е во денари по курс 1 еур=62 ден.

Слични понуди

ILLA – Paralia, Pieria

GOUZELIS – Nei Pori, Pieria

CORAL BLUE Hotel *** – Gerakini, Sithonia

ERODIOS – Polihrono, Kassandra

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright 2026 Art of Travel