Gran Hotel Peniscola 4* Peniscola, Costa Azaar

ЛЕТО 2025

УСЛУГА

FB+

Типот на програма

8 дена / 7 ноќевања
Авио од Софија

Шпанија

Коста Азаар

ШПАНИЈА – ЛЕТО 2025

Gran Hotel Peñiscola 4*

 

Gran Hotel Peñiscola 4* се наоѓа на брегот на морето, на 3 километри од центарот на градот Пенискола, до кој се стигнува пеш, одејќи по живописниот брег. Одморалиштето Баникарло е на 3 километри. Сончева тераса, надворешен и внатрешен базен, детски клуб со дневни активности, програма за анимација и вечерни забави со музика во живо, спа центар (со доплата: џакузи, сауна, парна бања, ароматични бањи, третмани за тело и масажи, природни терапии), теретана , продавници е она што го нуди хотелот. Хотелот располага со вкупно 437 соби, од кои повеќето имаат поглед на море. Собите се убаво опремени, со клима уред, ТВ со сателитски канали, телефон, купатило, фен, мини-бар, сеф (со доплата), безжична интернет конекција, балкон. Сите соби имаат два големи дупли кревета, не е достапен дополнителен кревет. Максимално сместување – четири лица. Оброците се служат во главниот ресторан и се на шведска маса. Има голема разновидност на домашни и интернационални јадења (менито се менува на секои две недели). Гостите можат да го користат и Royal кафе барот со голема тераса за сончање и мини-шведска маса во кафе барот, барот Tropical club и барот покрај базенот. Плажата пред хотелот е песочна. Користењето на чадори и лежалки се доплаќа.

ТЕРМИНИ НА ПОАЃАЊЕ: 06.05.2025, 13.05.2025, 20.05.2025, 27.05.2025, 03.06.2025, 10.06.2025, 17.06.2025, 24.06.2025, 01.07.2025, 08.07.2025, 26.08.2025, 02.09.2025, 09.09.2025, 16.09.2025, 23.09.2025, 30.09.2025, 07.10.2025

 

Цените се движат од:

750 – 980 еур по лице во стандардна соба

Максимален капацитет 3 возрасни или 2 возрасни и две деца до неполни 12 год

 

Во цената е вклучено:

-Авионски билет Софија – Барселона – Софија со вклучени аеродромски такси и чекиран багаж 20 kg/рачен багаж 40 x 30 x 20 cm, максимум 5 kg, со Bulgaria Air;
-7 ноќевања на база FB+ (појадок, ручек и вечера со вклучена вода и чаша вино за време на ручек и вечера);
-Интернет;
-Трансфер аеродром – хотел – аеродром (времетраење околу 2:45 часа во еден правец со автобус);
-обиколка на Барселона;
-Полудневна екскурзија до Пенискола со туристички водич (се користи јавен превоз – цена на билет 1,40 евра во еден правец);

ПОГЛЕДНИ ДЕТАЛИ

ЗАДОЛЖИТЕЛНА ДОПЛАТА:

–  такса за гориво, се објавува 21 ден пред поаѓање 

–  оптштинска такса по лице на вечер, се плаќа на рецепција

 

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

–         Полудневна екскурзија до Мореја – 54 еур / 31 еур за дете до 12 г.;

–         Целодневна екскурзија до Валенсија – 67 еур / 36 еур за дете до 12 г.;

–         Полудневна екскурзија до Пештерата Сан Хозе и Кастељон де ла Плана – 57 еур / 36 еур за дете до 12 г.; Влезница за пештерата 10 еур по лице, се плаќа на лице место.

–         Целодневна екскурзија до Тарагона – 67 еур / 36 еур за дете до 12 г.;

–         Тврдината Пењискола и Паркот на Артиљерија – 5 евра, за возр. над 60 г. – 3.50 евра; за деца  до 12 г. – бесплатно

Влезници во Тарагона: брод – 11 евра, влез во катедралата Тарагона – 8,50 евра за групна / 11,00 евра – индивидуален билет; Тврдина – 4,50 евра;
– Јавен превоз за турата Пењискола – цена на билет 1,40 евра во еден правец. Влез во Папската палата – 3,50 (важи за групи од 30 лица).

–         Цената не вклучува такси, влезници, пијалоци во автобусите или авионите, индивидуални трошоци и сл. Во случај на повисока цена на гориво од датумот на објавување и пресметка на програмата, организаторот го задржува правото разликата за таксата за гориво да ја наплати 21 ден пред патување

  • Пешкири за плажа се со доплата на лице место. Моменталната цена е 2 еур по пешкир. Секоја замена за чист пешкир се наплаќа!

 

Ред на летање (подлежи на промени):

Софија – Барселона: 07:30-09:40

Барселона – Софија: 10:40-14:50

 

Трансфер аеродром – хотел – аеродром:

околу 2:45 час по правец со 3*/4* автобус.

За валидна резервација е потребна уплата од мин 50% од вкупната сума по лице. Останатиот дел се доплаќа најдоцна 30 дена пред поаѓање. Плаќањето е во денари по курс 1 еур=62 ден.

Цените се валидни за плаќање во готово или вирмански на сметка на Арт оф Травел.

Издавање патна документација (ваучер, информација за летот, ваучери за разгледите, програма) 5 дена пред летот.

 

Услови за откажување на резервација од страна на патникот:

Патникот е должен по писмен пат да достави допис за откажување на патување. Истиот ќе биде проследен до организаторот на патувањето. Пеналите се според денот на откажувањето и за истите важат посебни услови на откажување усогласени со условите на давателот на услугата, а не Општите на Арт оф Травел:

30+ дена пред поаѓање 70 еур/по лице;

30-22 ден пред поаѓање 40% од вредноста;

Под 21 ден 100% пенали.

 

 

ВАЖНО:

  1. Минимален број за реализација на програмата: 40 лица. Во случај на недоволен број, организаторот е должен да ги извести патниците 20 дена пред поаѓање.
  2. Нема специјални медицински и здравствени побарувања, поврзани со патувањето.
  3. Патувањето не се препорачува за лица со ограничена подвижност.
  4. Потребен е валиден пасош со минимум 6 месеци важност од датумот на влезот во земјата во која се патува.
  5. Организаторот го задржува правото за промена на програмата.

 

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ

 

Предрезервација и уплата на факултативните излети се препорачува. Излетите се спроведуваат на бугарски јазик за минимум 20 лица. Можно е пријавувањето и на лице место доколку има слободни места. Реализацијата на излетите не се гарантира без потребниот минимум.

МОЖЕБИ ЌЕ ВИ СЕ ДОПАДНЕ

CLUB SARDINIA Hotel **** – Bodrum

VENUS PALACE – Stavros, Strimonikos

IONIAN VIEW – Vrahos, Ionian coast

AEGEAN MELATHRON Thalasso Spa Hotel 5* – Kalithea, Kassandra

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel