Pine Beach Adriatic Eco Resort *** - Pakoštane, Hrvatska

ЛЕТО 2023

Превоз

Сопствен

Оддалеченост од плажа

На плажа

Hrvatska

Hrvatska>hoteli

Pine Beach Pakoštane ***Adriatic Eco Resort – нуди специфично сместување. Шармантните куќарки во полинезијски стил, скриени во борова шума се совршен простор за да ја доживеете природата во нејзиниот изворен облик: искуството на мешање на звуковите, боите и мирисите без бучавата на автомобилите, a летната спарина нема ни да ја почувствувате.

Pine Beach населбата се наоѓа 36 km јужно од Задар, во близина на Пакоштане и лесно е достапна.

–        Со автомобил –по автопат A1, излез Бенковац,15 km (GPS координати 43˚54’45’’ N, 15˚29’48’’E)

–        Со автобус – автобуска станица Задар, 36 km

–        Со воз – железничка станица Задар, 36 km

–        Со авион – аеродром Земуник, 17 km или аеродром Сплит 111 km

–        Со брод – пристаниште Задар 36km, пристаниште Сплит 111 km

Сите куќарки се опремени со керамички плочки на подот, располагаат со единечни или брачни легла, еден или повеќе отворени ормари за облека. Постелнина, перници и покривки се вклучени во понудата. Куќарките немаат ел. енергија, светло и вода, но патеките се осветлени. Само Comfort бунгаловите имаат струја (USB, внатрешно осветлување, Wi Fi). Секоја куќарка е на помалку од 200 m од морето.

Типови на бунгалови:

A2 – 244 двокреветни куќарки / 8m2

B3 – 34 трокреветни куќарки / 15m2 (2 споени + 1 одделен кревет)

C4+1 – 190 четворокреветни куќарки + 1 кревет / 24m2 (2 + 3 кревети одделени со преграда)

* постои можност да се додаде бебешко креветче за деца до 2 год

Во понуда се и мобилните куќи, модерни сместувачки единици, изградени од квалитетни материјали и грижата за околина. Секоја има 2 спални соби, купатило, потполно опремена кујна, дневна соба и тераса од 18m2. Опремени се со сателитска ТВ, бежичен интернет, клима уред. За истите цените се динамични, па доколку сакате престој во истите, пратете барање. Максимален капацитет е за 6 лица. Во едната спална соба има еден брачен кревет, во другата два единечни и во дневниот престој софа во која можат да спијат уште две лица. 

Населбата има 8 санитарни чвора опремени со туш и wc кабини, умивалници со топла вода. Оддалеченост на најблискиот санитарен чвор е најмногу 30m од куќарката.

Преубава, преку 1 km долга плажа, која постепено се менува од карпеста во песочна, и завршува во сопствен природен песочен залив, единствен во Хрватска. Со бела ситна песок, тиркизно-сина боја на морето, ќе помислите дека сте на некоја далечна егзотична дестинација. Плажа со забавните содржини и спортските програми идеална е за семејствата со деца или за почетници во пливањето. Особеноста на населбата е баш разноликоста на плажите, што ви остава да одберете дали ќе уживате во убава ладовина или на сонцето, дали ќе ги одберете романтичните и скриени ували и ридови или отворено море за љубителите на едрење.

Во централниот ресторан: Buffet: појадок (07:30-10:00), ручек (12:30-14:30), snack (16:30-17:30) и вечера (19:15-21:00) со вклучени безалкохолни пијалоци, точено вино и пиво  за време на оброците.

Секојдневна можност на учествување во разните спортски активности (едрење, кајак, windsurf, тенис, пинг понг, кошарка, фудбал, одбојка на песок, аеробик, aquapark, ватерполо, бадминтон, стрелаштво, бочање, мини gym, мини голф, карпа за качување/aдреналински парк) како и анимација за деца и возрасни.

Со доплата се: кафе бар и барот на плажа, сувенирница, екскурзии кои се организираат и за кои информации можете да добиете на рецепција. Во понуда се и обуки за едрење, windsurf и тенис, масажи, како и можност за изнајмување на велосипеди.

Добро е да знаете:

Потребно е да понесете сопствени пешкири, препорачуваме да земете и батериски лампи. Сите ел. уреди и батерии можат да се полнат на рецепција.

Доколку Ви е потребен одмор буквално без модерна технологија, а сепак исполнет со многу активности, доколку сакате да дишете со полни плуќа мирисот на борова шума измешана со морската сол, тогаш Pine Beach Pakoštane може да е одличен избор за незаборавен одмор!

СЛИКИ И УСЛОВИ

За валидна резервација е потребна уплата од мин 30% од вкупната сума во денарска противвредност по курс 1 еур=62 ден. Останатиот дел се доплаќа најдоцна 15 дена пред поаѓање.

Можеби ќе Ви се допадне

ASTERIA – Sarti, Sithonia

OASIS – Asprovalta, Strimonikos

VILLAGIO MAISTRO *** – Ag. Ioannis, Lefkada

ELINOTEL SERMILIA Hotel ***** – Psakoudia, Sithonia

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel