BELLAGIO – Хотелот се наоѓа на прекрасна локација, опкружен со бујна зелена борова шума и зеленило, на 400 метри од песочната плажа на Фурка, на полуостровот Касандра, Халкидики. Хотелот со 3+ звезди – е најдобриот избор за вашиот идеален семеен одмор, кој комбинира релаксација и мир, а воедно и многу можности за активен одмор, за вашето семејство или вашите пријатели. Стилот и атмосферата во хотелот Белаџо создаваат чувство на удобност и спокојство, бегајќи од секојдневието и гужвата. Хотелот е добро познат на нашиот пазар, кој во минатото се викаше Авра, и е познат по својата услуга СЕ ВКЛУЧЕНО и многу содржини.
Хотелот вклучува појадок, ручек и вечера како и пијалоци.
Појадокот, ручекот и вечерата се сервирани на база на шведска маса и тоа:
-појадокот се сервира од 8-10 часот по локално време и вклучува сувомеснати производи, млечни производи, леб, јајца салата, мармалад, свежо овошје и слично;
-ручекот се сервира од 13-15 часот по локално време и вклучува избор од 3 топли јадења на база на месо, како и салати, леб, солени намази;
-вечерата се сервира од 19-21 часот по локално време и вклучува избор од 3 топли јадења од кои 2 се на база на месо, леб, солени намази и слично;
-барот покрај базенот служи бесплатни пијалоци од од 10-21 часот, а после 21 часот може да се купи пијалок по редовна цена. Мини барот работи до 24 часот.
Информација околу димензиите на креветите:
-единечен кревет е 75х185 цм
-француски лежај е 120х 185 цм
-помошен кревет на отворање е 65х175 цм
Во цената е вклучено:
-клима
-паркинг
-интернет
-крпи
-телевизор
-користење на базен
Информација околу времето за сместување и за напуштање на собата
-сместувањето е после 14 часот по локално време
-напуштањето на собата е до 11 часот по локално време
Рецепцијата е отворена 24 часа