ЦЕНИТЕ СЕ СО ВКАЛКУЛИРАН ПОПУСТ ЗА КОМПЛЕТНА УПЛАТА СО РЕЗЕРВАЦИЈА
СМЕНИТЕ СЕ САБОТА НА САБОТА ИЛИ НЕДЕЛА НА НЕДЕЛА
ЦЕНИТЕ СЕ СО ВКАЛКУЛИРАН ПОПУСТ ЗА КОМПЛЕТНА УПЛАТА СО РЕЗЕРВАЦИЈА
СМЕНИТЕ СЕ САБОТА НА САБОТА ИЛИ НЕДЕЛА НА НЕДЕЛА
Alpenlandhof се наоѓаат на една од најдобрите локации во скијалиштето Бад Клајнкирхајм, на само 200 m од жичарата Maibrunnbahn, 200 m од центарот на местото и на 100 m од новите терми St. Kathrein кои се реновирани и отворени во јуни 2017. год. Сите сместувачки единици имаат простор за седење/трпезарија, чајна кујна која е опремена со садови, есцајг, тостер, плоча за готвење, фрижидер, кафе апарат, ел. бокал за кафе/чај. Сите апартмани имаат постелнина, пешкири, бесплатен бежичен интернет, купатило, фен, балкон.
Тип на студио “Alpenkatze” – студио за 2 лица (28-36 m2), една просторија: дневна/спална со кујнски дел, купатило, балкон. Постои можност да се додаде бебешко креветче.
Тип на апартман “Alpenleben” –апартман за 2-5 лица (53 m2), две простории: голема спална соба, дневна соба со два кревети, трпезарија со кујнски дел, купатило, балкон. Постои можност да се додаде трет кревет во спална соба.
Објектоет нуди: рецепција, ресторан, тераса за сончање, бесплатен бежичен интернет, бесплатен паркинг за гостите, ски остава. Постои можност за доплата на појадок во ресторанот на лице место.
Во цената е вклучен наем на апартман, струја, вода, греење, постелнина и пешкири.
Во цената не е вклучена локална такса 4,50 еур по лице на ден, деца до 16 год. – 0,80 еур на ден, финално чистење 95 еур по апартман. Депозит 100 еур по апартман.
Цените се од информативен карактер и секогаш проверете ја директно во агенција!
Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.
© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel