АПУЛИЈА – ЛЕТО 2026
АПУЛИЈА – ЛЕТО 2026
Базиликата е прекрасна област во близина на Јонското и Тиренското море. Овде можете да се потопите во античката атмосфера на античките грчки градови – Метапонто и Поликоро, достапни се и голем број археолошки паркови. Ќе уживате во прекрасните медитерански брегови во комбинација со богати борови шуми, покрај прекрасните погледи кои го одземаат здивот и кристално чистите води на Медитеранот.
Тоа е регион со богатa традициja, кој нуди кујна со богати вкусови, во кои доминираат уникатните ароми и локални зачини. Областа е позната по своето исклучително високо квалитетно овошје и зеленчук.
Акирис Ресорт 4* се наоѓа во Базиликата, на 1,5 км од центарот на градот Нова Сири и железничката станица. Растојанието до Бари е 100 км. Одморалиштето се наоѓа во средината на борова шума, која ви овозможува целосно да уживате во вашиот одмор. Плажата се наоѓа на само 250 m од хотелот, а патот до неа минува низ шума. Хотелот Акирис е дел од комплексот Акирис Ресорт, кој е комбинација на удобствата на хотелското сместување и приватноста на приватните апартмани, кои имаат се што ви е потребно за да вашиот одмор на ова место биде незаборавен. Има два базени дизајнирани специјално за деца, мини клуб и многу забава за деца од 5-12 години. Има и дневна забава, вечерна и целодневна: емисии, мјузикли и спортски турнири. Во одморалиштето можете да најдете павилјон за тутун, мини маркет, бутик, продавница за сувенири и фризер. Плажата е на 250 метри од хотелот, до нејзе се пристигнува по патеки низ прекрасна борова шума, каде што ќе уживате во недопрената природа на Средоземното Море. На плажа се достапни чадори и лежалки /по 1 чадор и 2 лежалки на соба/. Акирис Ресорт 4* нуди пространи соби кои имаат тераси и поглед на градина или базен. Собите се наоѓаат на прв или втор кат и се лесно достапни за лица со намалена подвижност. Апартманите имаат и фрижидери. Собите ги имаат следните удобности: плазма телевизор, голем балкон, мини бар, бања со туш, поглед на базен или градина, клима уред, сеф и фен. Хотелот нуди и два ресторани во кои можете да уживате во висококвалитетна храна со избрани состојки кои претставуваат јадења типични за областа. Хотелот нуди: 4 базени, 2 наменети за деца, 2 ресторани, игралиште, мини клуб, фитнес на отворено, тениско игралиште, спортски турнири: тенис, фудбал, одбојка, куглање, пливање, стрелаштво, амфитеатар.
ТЕРМИНИ НА ПОАЃАЊЕ:23.05.2026, 30.05.2026, 06.06.2026, 13.06.2026, 20.06.2026, 29.08.2026, 05.09.2026, 12.09.2026, 19.09.2026
Директен чартер лет од Софија
*Патот до аеродромот во Софија е во Ваша сопствена режија!
Цените за пакет аранжман по лице и се движат (во зависност од терминот) од:
695 – 750 еур по лице во стандардна соба на услуга полупансион плус
Максимален капацитет на собата е 2 возрасни + 2 деца до неполни 12 год. или 3 возрасни + 1 дете до неполни 12 год. или 4 возрасни
Цената вклучува:
-авио билет Софија – Бари – Софија
-чекиран багаж 20кг и рачен со димензии 40 х 30 х 20 см
-аеродромски такси
-7 ноќевања на база полупансион со вклучени вино и вода
-полудневна екскурзија до Бари
-трансфер на дестинацијата
-претставник за цело време на престојот
Цената не вклучува – задолжителна доплата:
Такса за гориво – се објавува 21 ден пред поаѓање /Цените са калкулирани со параметрите на керозин по цени на објавување на програмата/
Општинска такса по лице на ден /се плаќа на лице место и подлежи на измени/
Слушалки за време на излетите 15 еур по лице /3 еур на ден/, деца до 6 год не плаќаат и немаат слушалки
Административна такса за локалниот партнер 5 еур по лице
Ред на летање (времињата се локални и подлежат на измени):
Софија – Бари (локално време)
Бари – Софија (локално време)
Трансфер аеродром – хотел – аеродром:
Време траење: околу 1 час и 30 минути по правец со автобус.
Услови за резервација:
Цената е валидна за целосна уплата со резервација, во готово или на фактура! За плаќање со картичка банкарска провизија во висина од 2% ја покрива уплаќачот! За делумна уплата од мин. 50% од вкупната сума и доплата најдоцна 30 дена пред поаѓање сумата се зголемува за 30 еур по лице.
Издавање патна документација (ваучер, информација за летот, ваучери за разгледите, програма) 5 дена пред летот.
Услови за откажување на резервација од страна на патникот:
Патникот е должен по писмен пат да достави допис за откажување на патување. Истиот ќе биде проследен до организаторот на патувањето. Пеналите се според денот на откажувањето и за истите важат посебни услови на откажување усогласени со условите на давателот на услугата, а не Општите на Арт оф Травел:
30+ дена пред поаѓање 70 еур/по лице;
30-22 ден пред поаѓање 40% од вредноста;
Под 21 ден 100% пенали.
ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:
Дополнителна целодневна екскурзија до Остуни и Полињано а Маре – 86 еур за возрасен/ 45 еур за дете до 12 год.
Дополнителна полудневна екскурзија до Матера (УНЕСКО) – 80 еур за возрасен/44 еур за дете до 12 год.
Дополнителна целодневна екскурзија до Алберобело – Локоротондо, со дегустација на домашни ликери и слатки, локално производство – 100 еур за возрасен/56 еур за дете до 12 год.
Дополнителна целодневна екскурзија до Лече и Отранто – 100 еур за возрасен/ 50 еур за дете до 12 години;
Дополнителна целодневна екскурзија до Мартина Франка – 71 еур за возрасен/ 35 еур за дете до 12 години;
Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.
© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel