САРИМСАКЛИ
Туристичка регија Ајвалик е избор на голем број љубители на совршен одмор под сонце на широка песочна плажа на местото Саримсакли. Се наоѓа на околу 150 km од Измир, а од центарот на Ајвалик само 5 km. Наспроти местото е популарното острово Лезбос со архипелагот од триесетина острови. Саримсакли се истакнува со убава, широка, песочна плажа, долга околу 15 km со синото знаме за чистота на водата и брегот. Климата е погодна за белодробни и срцеви заболенија, бидејќи дестинацијата е позната како воздушна бања благодарејќи на изнимно сувиот воздух. Локалните жители се љубезни, местото брои 7000 жители. Идеално е како место, пред се за семеен одмор, но и за парови кои сакаат мирен а сепак исполнет одмор со многу содржини. Регија е позната по производство на маслинки, по традиционални турски и егејски јадења. „Шејтанова софра“ е видиковец над Саримсакли, од каде се протега преубав поглед на целата регија и кој задолжително треба да се посети, а легендата за тоа како го добил името ќе Ви ја раскажат локалните жители. За љубителите на крстарења во понуда на локалните агенции е крстарење околу Ајвалик, пливање во убавите скриени ували на Егејското море, а и неизбежниот „шопинг“ во центарот на Ајвалик и пазар кој е во понуда еднаш неделно.