НЕОС МАРМАРАС
Неос Мармарас е најразвиено и најпосетено летувалиште на Ситонија. Неговите одлики се чисто море на две долги песочни плажи, градската плажа и плажата Парадизо. Експанзијата на градот датира од почетокот на 20тиот век, кога на Халкидики масовно се населуваат избеглици од Турција.
Тоа што го прави Неос Мармарас специфичен е што е изграден на три брда, на место каде што планината Итамос се спојува со плажите Лагомандра и Парадизо. Градската плажа е пространа, широка и песочна, на чиј крај се наоѓа еден од најпознатите хотелски комплекси – Порто Карас, додека на другиот крај на градот се наоѓа плажата Парадизо, која последниве години станува се попопуларна. Градот нуди голем избор на куќи и хотели. Погоден е како за семејства кои бараат одмор и опуштање, така и за млади поради својот богат ноќен живот и околните скриени, диви плажи.