Acacia Resort 4* LUX
Campofelice di Roccella, Чефалу
Acacia Resort & SPA е луксузен хотел 4*, со инфраструктура, квалитетот на услугите, мебелот и храната, како хотел со 5*. Хотелот се наоѓа на плажата помеѓу Палермо и Чефалу, на влезот во национален парк Parco delle Madonie, во туристичкото место Campofelice di Rocella. Растојанието до аеродромот во Палермо е 84 км, а до Чефалу 15 км. Модерен, елегантен и комфорен хотел сместен во градина од 40 000 кв.м. со голем базен, сопствена плажа и многубројните спортски содржини, опкружен со зеленило и тропски растенија. Acacia Resort 4* има 4 внатрешни, климатизирани сали со можност за исхрана на отворено. Ресторанот нуди сицилијанска и национална кујна. Преку ден е отворен бар на базенот од 12.05 – 29.09. Нуди и пиано-бар со внатрешен и надворешен дел. 240 соби, сите со клима, телевизор со рамен екран и сателитска телевизија, сеф, телефон, мини-бар, фен и бања со туш или када. Superior собите се наоѓаат во главната зграда. Сите се со покриена тераса. Хотелот нуди: голем базен, детски базен, мини-фудбал, тенис, одбојка на плажа, кану, мини голф, фитнес справи. Сите се бесплатни за гостите на хотелот. Acacia Resort 4* е познат по свој СПА центар на покривот. Нуди базен со џакузи (150 кв.м.), фитнес, панорамна сауна, парна бања, водена масажа на нозете и зона за релакс. Хотелот е во прва линија и има дел со чадори и лежалки (од 12.05 до 06.10). Самата плажа не е многу широка и затоа е, помеѓу плажата и базенот тревник, каде се наредени чадори и лежалки. Плажата е комбинација на песок и камчиња. Acacia Resort нуди голем, 16 000 кв.м., базен, во форма на лагуна, со тропски растенија и цвеќиња. Барот на базенот работи од 12.05 до 29.09, каде гостите на хотелот можат да нарачаат разни закуски, пијалоци и коктели. Целата територија на хотелот од 40 000 кв.м. е една вистинска рајска, цветна градина. За децата има многубројни содржини за игра, детски базен и мини-клуб од 09.06 до 15.09. За тинејџерите има Junior club, со можност за интерактивни игри и фудбал, тенис и други игри. Хотелот нуди секојдневна разновидна забава за своите гости, со одлично обучен анимациски тим од 09.06 до 15.09. Во реонот на конгресниот центар и во барот има бесплатен бежичен интернет.
Секојдневно организиран трансфер до Чефалу во 09:00 / 11:00 / 15:00 и од Чефалу в 15:30 / 18:30 ч. Цена – 3 евра по правец.
Напомена
Сместување по 16:00 ч. Напуштање на собите до 10:00 ч. Касно напуштање до 16:00 ч. е можно со 40 евра доплата по соба.
Опис на исхрана
Појадок и вечера – Појадок е од 07:00 до 10:00 ч., а вечерата од 19:30 до 21:30 ч,, на блок-маса. Пијалоците се наплаќаат дополнително.Еднаш неделно има Сицилијанско вече со фолклорна група и Сицилијански специјалитети. Од јуни до септември еднаш неделно има Тропско вече.
Ручек – нуди се со доплата за Се вклучено. Можат да се нарачаат специјалитети од ресторанското мени или пица и салати во барот.
Magic Moments – секоја вечер помеѓу 18:30 ч. и 19:30 ч. во главниот бар се нудат вкусни јадења и коктели по специјални цени.
Цената вклучува:
авио билет Софија – Катанија – Софија
чекиран 20 кг и рачен багаж
аеродромски такси
трансфер аеродром-хотел-аеродром на дестинацијата
претставник на партнерската агенција на бугарски јазик
Цената не вклучува:
туристичка такса околу 7 еур по лице /се плаќа во хотелот/
задолжителна доплата за таксата за гориво /разликата во цената/ 21 ден пред поаѓање
факултативни излети
Цената вклучува:
Цената не вклучува:
Услуги на лице место:
ВАЖНО:Плажата е песочно-камчеста
Ред на летање:
Термини со поаѓање во четврток:
Софија – Катанија – 19:00 ч./ 20:00 ч
Катанија – Софија – 20:35 ч./ 23:20 ч.
Термини со поаѓање во недела:
Софија – Катанија – 13:10 ч./ 14:10 ч
Катанија – Софија – 14:45 ч./ 17:30 ч.
Трансфер аеродром – хотел – аеродром
Времетраење на трансферот: околу 2 часа од Катанија
Резервација:
За валидна резервација е потребна уплата од мин. 50% од вкупната сума, во денарска противвредност по курс 1 еур = 62 ден. Останатиот дел се доплаќа најдоцна 30 дена пред поаѓање. Цените важат исклучиво за плаќање во готово или на сметка.
Услови за откажување на патување од страна на патникот:
30+ дена пред поаѓање 50 еур по лице
30-22 дена пред поаѓање 30% од вкупната сума
21-0 дена пред поаѓање 100% пенали
ВАЖНО:
1. Минимален број за реализација на програмата: 120 лица. Во случај на недоволен број, организаторот е должен да ги извести патниците 20 дена пред поаѓање.
2. Нема специјални медицински и здравствени побарувања, поврзани со патувањето.
3. Потребен е валиден пасош со минимум 6 месеци важност од датумот на напуштање на земјата во која се патува.
4. Организаторот го задржува правото за промена на програмата.
Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.
© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel