Lara-S apartmani *** Dobre Vode, Barska Rivijera

ЛЕТО 2021

Услуга

RR

Оддалеченост од плажа

130 метри

Црна Гора

Барска ривиера

На 8 км од Бар сместена е населбата Добре Воде со песочна плажа “Голем Песок” која поради чистота на водата и богатството со сумпор, спаѓа во плажи од I категорија. Ќе Ви понуди поглед на незаборавно зајдисонце и преубава боја на морето по што е особено позната. Добре Воде е ” воздушна бања“ поради вкрстување на струења на воздухот од планината и морето, па е погодно за лица кои боледуваат од астма, бронхитис и слични заболувања. Плажата ја красат бројните ресторани, кафетерии, слаткарници, ноќни клубови, мини маркети, аптека. Тука се и неколку приватни плажи со базени, како што е Ружа на ветровите и др. Опремени се со туш кабини, објекти за изнајмување на спортски реквизити и спасилачка служба. Плажата секојдневно ја посетуваат туристичките бротчиња.

 

LARA-S е објект 3* изграден пред пар години. Поседува 1/2, 1/3, 1/4 студио-апартмани, секој со купатило, балкон, опремена мини кујна со фрижидер, клима, Wi-FI, кабловска TV a поголем број е со поглед кон море. Објектот има сопствени резервоари за вода, така да гарантираат постојана снабденост со вода, што во Црна Гора знае да биде проблем во летниот период. Од останати содржини има лифт, рецепција, детско игралиште (за помали) и ресторан. LARA-S е оддалечена 130 м од морето, односно плажата.

СЛИКИ И УСЛОВИ

За валидна резервација е потребна уплата од мин. 30% од вкупната сума, во денарска противвредност по курс 1 еур=62 ден. Останатиот дел се доплаќа најдоцна 20 дена пред поаѓање.

 

Моментално за влез во Црна Гора нема никакви ограничувања.

 

·         такса за престој се плаќа на лице местоi: деца до 12г.-0.50e, oд 12-18г.-1.00e, возрасни 1.50e по лице на ден

·         Влез во студија е од 12.00 h a напуштање до 09.00 h

Барање за резервација

Можеби ќе Ви се допадне

IKOS OCEANIA Hotel ***** – Nea Moudania, Solunska regija

ANASTASIA – Stavros, Strimonikos

AKIRIS Resort **** – Apulija, Italija

JAZ CRYSTAL Resort 5* – Almaza Bay

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel