КОКИНО НЕРО

ЛЕТО 2024

КОКИНО НЕРО

 

Кокино Неро e туристичко место со богата флора и фауна, како и специфична клима поради единствениот спој и близината на планината и морето. Се наоѓа недалеку од кањонот Темби, во подножјето на планината Оса, на околу 140 km oд Солун. Ова е една од најстарите населби на овие простори, а името (црвена вода) го добило по термалните извори богати со минералните соли, со висок процент на железо, кое и дава специфична црвенкаста боја со лековити карактеристики, поради кои станало популарно уште во почетокот на двaесеттиот век. Ова убаво, колоритно место се наоѓа во ладот на раскошните крошни на платани, костени и јавори, испресечено со поточиња и мостчиња. Покрај прошетките, релаксацијата, сончањето и капењето, можете да се опуштите и во кадите со термална вода.  На самиот морски брег се и неколку таверни, ресторани, кафетерии, кои го чинат местото уште посимпатично, идеално за мирен одмор и уживање во недопрената природа и чистото море. Плажата во Кокино Неро е со покрупни камења, но во близина, на само 2-3 км, се уште две убави плажи Platia Ammos и Koutsoupia.

РАЗГЛЕДАЈТЕ ЈА НАШАТА ПОНУДА

ELEFTERIA – Kokino Nero, Tesalia

Elefteria: Куќата има убава, голема градина со скара и поглед кон море. Од плажата е оддалечена околу 120 m. Сите апартмани се наоѓаат на приземјето и имаат 2 француски кревета (110 цм) и наменети ...

OASIS – Kokino Nero, Tesalia

Oasis е оддалечена 200 m од плажата. Сите студија се наоѓаат на 1. кат и приземје и имаат 2 француски кревет по грчки стандарди (широки 1,10 м) или имаат 1 француски кревет по грчки стандарди (широк ...

MUSES – Kokino Nero, Tesalia

Muses е оддалечена 230 m од плажата. Сите студија се наоѓаат на приземје и на 1. кат и имаат 2 француски кревети по грчки стандарди (широки 1,20 м), наменети за престој на 2 до 3 лица. Сите сместувачки ...

PANOS – Kokino Nero, Tesalia

Panos се наоѓа во центарот на местото, оддалечена е 30 m од морето. Има двор опкружен со зеленило. Покрај објектот има таверна и неколку ресторани. Располага со модерно опремени студија, распоредени ...

AKTIS – Kokino Nero, Tesalia

AKTIS – куќата се наоѓа во мирниот дел на местото, оддалечена 50 m од морето. Куќата е покриена со бежичен интернет, за чија брзина агенцијата не може да гарантира. Секое студио има опремена кујна, ...

ALEXIS – Kokino Nero, Tesalia

ALEXIS - Куќата се наоѓа на околу 350м од морето. Во понуда се двокреветни со дупли кревет и трокреветни студија со два дупли кревет со димензии 120х200 цм, за максимално 2 возрасни и две деца под ...

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel