ВУРВУРУ
На само 10 км од Агиос Николаос и на 120 км од Солун, на источниот брег на Ситонија се наоѓа Вурвуру. 9-те островчиња му даваат посебен шарм, а над плажата со мека песок и кристалното сино море се воздигнуваат шумските предели кои му даваат особена свежина во врелите летни денови. Многуте ували и скриени места прават Вурвуру никогаш да не стане здодевно село, бидејќи секогаш постои уште нешто да се открие. Преубавата лагуна Ливари ја открива уметноста на мајката природа во најдоброто светло. Брегот е со многу природни марини и пристаништа. Во понудата се хотели, вили, апартмани, како и ресторани, маркети, барови, продавници, полициска станица, болница, аптека, пошта и банкомати.