СТАРА ПЛАНИНА
Стара планина или Балкан планина припаѓа на системот Балкански планини, кои се протегаат од Црно море на исток, па се до Вршка чука на запад. Должината на овој планински систем изнесува 530 км. Највисоката точка е врв Ботев (2376 m), во Бугарија, а највисока точка на Стара планина во Србија е врв Миџор 2169 м. н. в. Најголема е планина во источна Србија и природна граница кон Бугарија.
Скоро пет месеци во годината оваа српска убавица е покриена со снег. Освен за скијање, природните карактеристики на Стара планина се погодни и за планинарење, летање со змаеви и параглајдери, риболов, собирање на лековити и ароматични билки, печурки и др. “Babin zub” е еден од најубавите делови на Стара планина и претставува природен резерват.