СИКИА
Сикиа е југоисточно, околу 160 km оддалечена од Солун. Поделена е на село на копнениот дел, во внатрешноста и плажата Paralia Sikia. Селото на брдото е прилично големо, со околу 3.000 жители. Областа некогаш била во сопственост на манастирите на планината Атос, а големите поседи финансиски ги подржувале. Денес локалното население живи од туризмот, земјоделието и рибарството. Сикиа е старо село, во голем дел со сочуван изглед од 19. век. Централно се наоѓа црквата Св. Анастасија која неколку пати била опожарена пред реконструкцијата во 1860 година, а покрај неа старото училиште кое датира од 1870 год. и е едно од најстарите училишни згради на Халкидики.
Плажата Сикиа е голем песочен простор. Неколкуте барови на плажите имаат лежалки, каде што може да биде и гужва. Плажата е со малку ладовина. Популарно е камперско место и има најмалку шест кампови во областа. Покрај плажата се и две големи ветерници, изградени во 19. век. Останати, помали плажи во заливите во околината се Криарици, Климатариа, Линараки и Агрида – кои препорачуваме да ги посетите.