Hotel V-Del Mar - Vrahos, Jonski Breg

ЛЕТО 2027

Превоз

Сопствен

Оддалеченост од плажа

20 метри

Грција

Јонски Брег>Врахос

ПОПУСТИ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 31.10.2026:
10% ПОПУСТ ЗА КОМПЛЕТНА УПЛАТА СО РЕЗЕРВАЦИЈА
5% ПОПУСТ ЗА УПЛАТА НА 50% АВАНС СО РЕЗЕРВАЦИЈА И ДОПЛАТА ДО 30 ДЕНА ПРЕД ПОАЃАЊЕ
ЗА ТЕРМИНOТ 06.06.2027:
15% ПОПУСТ ЗА КОМПЛЕТНА УПЛАТА СО РЕЗЕРВАЦИЈА
10% ПОПУСТ ЗА УПЛАТА НА 50% АВАНС СО РЕЗЕРВАЦИЈА И ДОПЛАТА ДО 30 ДЕНА ПРЕД ПОАЃАЊЕ
*ЗА ПЛАЌАЊЕ СО КАРТИЧКА НА ПОС ТЕРМИНАЛ ПОПУСТОТ СЕ НАМАЛУВА ЗА 2%

Hotel V-Del Mar e комплекс со базен, ресторан, приватен паркинг и вклучени лежалки и чадори за сонце на плажата. Се наоѓа во централниот дел на летувалиште и од плажата го дели само улицата.
Располага со квалитетни и убави соби со поглед на море и базен (само собите на приземје немаат поглед на море и базен), а на гостите им се на располагање базенот, приватниот паркинг и сетот на лежалки на плажата пред самиот комплекс (без обврската на конзумација). Појадок (шведска маса), кој е вклучен во цената, се служи во хотелскиот ресторан со убав поглед на море. Ресторанот и барот се отворени во текот на целиот ден, така да имате можност да порачате и останати оброци. Хотелот располага со двокреветни и трокреветни соби, кои се наоѓаат на приземје, високо приземје и прв кат. Собите на високо приземје и прв кат имаат поглед на море и на базен, додека собите на приземје имаат поглед на улица. Квалитетот и опременоста на сместувачките единици е потполно иста. Сместувачките единици не НЕ ПОСЕДУВААТ КУЈНА, туку само мини бар или фрижидер. Исто така имаат купатило, тераса со гарнитура за седење, ТВ и клима уред, чие користење е вклучено во цената. Замена на постелнината и пешкирите е на половина од престојот. На располагање на гостите е и бежичен интернет, чива брзина на протокот агенцијата не може да ја гарантира. Хотелот поседува сопствен паркинг, а на гостите им се на располагање и рецепција, базен, бесплатни лежалки и чадори за сонце на плажата.

 

 

*GPS koordinati: 39.17724966371927, 20.547376701915642

ГАЛЕРИЈА

*Понудата е исклучиво за сопствен превоз и нема можност за резервација на автобуски превоз од Македонија!
*Сликите на објектот и сместувачките капацитети прикажани на веб страната на Арт оф Травел се од информативен карактер, по случаен избор, за да имате претстава за изгледот на истиот и не значи дека сите сместувачки капацитети се со ист распоред, поглед, намештај, плочки во купатило и сл.
Цените се во евра, плаќањето е во денари по курс 1еур=62ден

За резервација без попуст потребна е уплата од 50% со резервација, а останатиот дел се доплаќа најдоцна 30 дена пред поаѓање.
За резервација со попуст е потребна комплетна уплата со резервација или 50% од сумата, во зависност од висината на попустот.
Цените се валидни за плаќање во готово (кеш) или на ф-ра. За плаќање со картичка (Виза и Мастер) попустот се намалува за 2%, односно сумата без попуст се зголемува за 2% банкарска провизија!

За валидна резервација потребни се следните податоци:
• Име и презиме (како што е во пасошот) од сите патници
• Датуми на раѓање на сите патници
• Контакт телефон
• Е-маил адреса (доколку ја поседувате)
• Адреса на живеење од едниот пасош (носител на резервација)

Документацијата потребна за патување (ваучер за уплатениот одмор, како и контакт тел. од претставникот) ја добивате 5-7 дена пред патување на е-маил адреса, оставена од Ваша страна во агенција или лично ја подигнувате во агенцијата по добиено телефонско известување дека е пристигнат. Ваучерот е потребно да го имате во печатена верзија – примерок го предавате на претставникот на дестинацијата. По пристигнувањето на дестинацијата, потребно е да го известите претставникот телефонски како би ве регистрирал.

Такса за престој, во висина од 5 еврa по сместувачка единица на ден се плаќа на лице место, на претставникот или сопствениците на објектот и не подлежи на попусти!
НАПОМЕНИ:
– Влезот во сместувачките единици е од 15:00 часот првиот ден (постои можност за порано влегување, доколку е исчистено и спремно), а напуштањето е до 09:00 часот последниот ден.
– По пристигнувањето потребно е да се јавите на претставникот за да Ве упати како да ја најдете куќата и да Ве регистрира. Доколку не можете сами да ја најдете, претставникот ќе Ве смести најбргу што може.
– За хигиената во сместувачката единица се грижат гостите. Евентуална неисправност и недостаток во сместувачките единици гостинот е должен да ја пријави на претставникот на агенцијата организатор. Секоја направена штета гостинот е должен да му ја надомести на сопственикот на објектот пред напуштање на истиот. При влез во сместувачката единица гостинот е должен да го преконтролира инвентарот и секој недостаток да го пријави на претставникот или на сопственикот. Секое оштетување кое постоело во студиото/апартманот пред влезот, а не било пријавено, ќе се третира како штета предизвикана од гостите кои во моментот престојуваат во објектот. Гостите се должни да го почитуваат куќниот ред на објектот, во спротивно сопственикот има право да им го скрати правото на престој, а организаторот нема да ја преземе одговорноста за тоа нити е должен да ги обештети гостите за неискористениот дел од услугата.
– Димензиите на креветите во Грција се разликувааат од нашите стандарди. Грчки стандард за единечен кревет е ширина 75-90цм и должина 180-200 цм, за француски 120-150цм ширина и 180-200 цм должина. Помошните кревети се на расклопување, со дрвена или метална конструкција или фотељи на расклопување со помали димензии.
– Најголем дел од објектите во Грција користат систем на соларни бојлери за затоплување на водата, што подразбира нешто пониска температура на водата и помал притисок во одредени делови од денот од оние на кои сме навикнати.
– Организаторот има право по пат на LAST MINUTE понуда да ги продаде свиоте преостанати капацитети по цени различни од објавените во ценовникот. Патниците кои уплатиле по објавените цени намаат право да побаруваат надомест за разликата во цена.
– Патниците се должни да ги почитуваат важечките законски и царински прописи на двете земји.
– Потписникот на договорот за патување е должен да ги извести сите патници во договорот за сите услови од истиот.
– Должност и одговорност на патниците е важноста на патните исправи. Патниците се должни сами да се информираат и запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и да ги извршат потребните активности поврзани со визирање на своите пасоши.
– Ве молиме внимателно да ги прочитате посебните услови за откажување на патување за овој објект:
Политика на откажување на резервацијата од страна на патникот:
Патникот е должен по писмен пат да достави допис за откажување на патување. Истиот ќе биде проследен до организаторот на патувањето. Доколку сами најдете замена за уплатениот одмор, ќе Ви бидат наплатени само пенали за измена на податоци во висина од 25 еур во денарска противвредност. Во спротивно доколку целосно се откажува патувањето, пеналите се според денот на откажувањето и за истите важат посебни услови на откажување усогласени со условите на давателот на услугата, а не Општите на Арт оф Травел :
90 – 45 дена пред поаѓање 10%
44 – 30 дена пред поаѓање 20%
29 – 20 дена пред поаѓање 30%
19 – 15 дена пред поаѓање 50%
14 – 10 дена пред поаѓање 90%
9 – 0 дена пред поаѓање или во текот на престој 100%

Промена на датумот на патување, сместувачката единица или објектот ќе се смета како откажување од патување.
За секоја извршена промена на податок во договорот за патување се наплаќа административна такса во висина од 25 ЕУР!

Можеби ќе Ви се допадне

PORTO RIO Hotel **** – Patra, Ahaia, Peloponnese

MARINA – Sarti, Sithonia

VALIA – Neos Marmaras, Sithonia

KALIMERA – Nea Flogita, Solunska regija

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright 2026 Art of Travel