Комплексот се наоѓа во недопрената природа, на брегот на реката Савиња, опкружен со брдата. Над хотелот се издига брдото Хум – „лашки Триглав“ – од каде се градот Лашко гледа како на дланка. До центарот на Лашко се доаѓа по уредена пешачка патека за 15-тина мин. лесна прошетка.
Вода Лашко доаѓа од длабочината од 160 м и по содржината на минералите е акратотермална алкална со калцијум, магнезијум, натријум, со температура од 32–35 C. Одлична е за балансирање и јакнење на организмот и ја намалува коселоста. Ги ублажува болките и олеснува движењето
Hotel Thermana Park Laško****superior е изграден 2012-та година и нуди 181 соби и 7 апартмани. Под стаклената купола се наоѓа термален центар, сауна центар, wellness & spa центар, теретана, ајурведа центар, засебна просторија за пиење на термалната вода, во понуда се и два ресторани, кафетерија, разновидна анимација и забава. Собите се опремени со мини бар, ТВ, телефон, интернет, фен, бањарка. Собите се со или без балкон, со или без помошно легло. Хотелот има и соби каде што може да се престојува со домашен миленик /на барање и со доплата/. Хотелот поседува и соби прилагодени за инвалиди.
Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.
© Copyright Art of Travel