Theo House - Parga, Jonski Breg

ЛЕТО 2024

Превоз

Сопствен

Оддалеченост од плажа

350 m

Грција

Јонски Брег>Парга

ЦЕНОВНИК ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 30.04.2024

ЗА ТЕРМИНOТ 06.06.2024:

20% ПОПУСТ ЗА КОМПЛЕТНА УПЛАТА СО РЕЗЕРВАЦИЈА

15% ПОПУСТ ЗА УПЛАТА НА 50% АВАНС СО РЕЗЕРВАЦИЈА И ДОПЛАТА ДО 30 ДЕНА ПРЕД ПОАЃАЊЕ

*ЗА ПЛАЌАЊЕ СО КАРТИЧКА ПОПУСТОТ СЕ НАМАЛУВА ЗА 2%

Куќа Theo се наоѓа во рамниот дел на Парга, кај фудбалското игралиште, од долната страна на магистралниот пат и во поширокиот центар на летувалиштето. Од плажата Piso Krioneri е оддалечена 350, a oд плажата Krioneri 450 метри. Куќата располага со двокреветни и трокреветни студија на приземје од задната страна на куќата /спротивна од патот/. Сите сместувачки единици имаат основно опремена кујна (садови, фрижидер, решо, прибор за јадење), купатило со фен, простор за седење пред влезот со гарнитура, телевизор, сеф и клима чие користење се доплаќа на лице место. Замена на постелнината и пешкирите е на 5 дена, а објектот има и бесплатен бежичен интернет, за чија брзина не можеме да гарантираме. Куќата нема сопствен паркинг, но во овој дел на Парга паркирањето е значително полесно.

 

*GPS koordinati: 39.28450608056154, 20.40929249492312

СЛИКИ И УСЛОВИ

*Понудата е исклучиво за сопствен превоз и нема можност за резервација на автобуски превоз од Македонија!

*Сликите на објектот и сместувачките капацитети прикажани на веб страната на Арт оф Травел се од информативен карактер, по случаен избор, за да имате претстава за изгледот на истиот и не значи дека сите сместувачки капацитети се со ист распоред, поглед, намештај, плочки во купатило и сл.

Цените се во евра, плаќањето е во денари по курс 1еур=62ден

 

За резервација без попуст потребна е уплата од 50% со резервација, а останатиот дел се доплаќа најдоцна 30 дена пред поаѓање.

За резервација со попуст е потребна комплетна уплата со резервација или 50% од сумата, во зависност од висината на попустот.

Цените се валидни за плаќање во готово (кеш) или на ф-ра. За плаќање со картичка (Виза и Мастер) попустот се намалува за 2%, односно сумата без попуст се зголемува за 2% банкарска провизија!

 

За валидна резервација потребни се следните податоци:

·        Име и презиме (како што е во пасошот) од сите патници

·        Датуми на раѓање на сите патници

·        Контакт телефон

·        Е-маил адреса (доколку ја поседувате)

·        Адреса на живеење од едниот пасош (носител на резервација)

 

Документацијата потребна за патување (ваучер за уплатениот одмор, како и контакт тел. од претставникот) ја добивате 5-7 дена пред патување на е-маил адреса, оставена од Ваша страна во агенција или лично ја подигнувате во агенцијата по добиено телефонско известување дека е пристигнат. Ваучерот е потребно да го имате во печатена верзија – примерок го предавате на претставникот на дестинацијата. По пристигнувањето на дестинацијата, потребно е да го известите претставникот телефонски како би ве регистрирал.

 

Такса за престој, во висина од 1,5 евро по сместувачка единица на ден се плаќа на лице место, на претставникот или сопствениците на објектот и не подлежи на попусти!

НАПОМЕНИ:

– Влезот во сместувачките единици е од 15:00 часот првиот ден (постои можност за порано влегување, доколку е исчистено и спремно), а напуштањето е до 09:00 часот последниот ден.

– По пристигнувањето потребно е да се јавите на претставникот за да Ве упати како да ја најдете куќата и да Ве регистрира. Доколку не можете сами да ја најдете, претставникот ќе Ве смести најбргу што може.

– За хигиената во сместувачката единица се грижат гостите. Евентуална неисправност и недостаток во сместувачките единици гостинот е должен да ја пријави на претставникот на агенцијата организатор. Секоја направена штета гостинот е должен да му ја надомести на сопственикот на објектот пред напуштање на истиот. При влез во сместувачката единица гостинот е должен да го преконтролира инвентарот и секој недостаток да го пријави на претставникот или на сопственикот. Секое оштетување кое постоело во студиото/апартманот пред влезот, а не било пријавено, ќе се третира како штета предизвикана од гостите кои во моментот престојуваат во објектот. Гостите се должни да го почитуваат куќниот ред на објектот, во спротивно сопственикот има право да им го скрати правото на престој, а организаторот нема да ја преземе одговорноста за тоа нити е должен да ги обештети гостите за неискористениот дел од услугата.

– Димензиите на креветите во Грција се разликувааат од нашите стандарди. Грчки стандард за единечен кревет е ширина 75-90цм и должина 180-200 цм, за француски 120-150цм ширина и 180-200 цм должина. Помошните кревети се на расклопување, со дрвена или метална конструкција или фотељи на расклопување со помали димензии.

– Најголем дел од објектите во Грција користат систем на соларни бојлери за затоплување на водата, што подразбира нешто пониска температура на водата и помал притисок во одредени делови од денот од оние на кои сме навикнати.

– Организаторот има право по пат на LAST MINUTE понуда да ги продаде свиоте преостанати капацитети по цени различни од објавените во ценовникот. Патниците кои уплатиле по објавените цени намаат право да побаруваат надомест за разликата во цена.

– Патниците се должни да ги почитуваат важечките законски и царински прописи на двете земји.

– Потписникот на договорот за патување е должен да ги извести сите патници во договорот за сите услови од истиот.

– Должност и одговорност на патниците е важноста на патните исправи. Патниците се должни сами да се информираат и запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и да ги извршат потребните активности поврзани со визирање на своите пасоши.

– Ве молиме внимателно да ги прочитате Општите услови за патување кои се составен дел од оваа програма.

Можеби ќе Ви се допадне

Hotel ZEPTER 4* – Vrnjacka Banja

ALEXIS – Kokino Nero, Tesalia

Hotel Regina Blue 4*– Rhadime, Valona

TZOULI 1 – Jerisos, Atos

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel