Хотелот Спорт се состои од две згради со 28 делукс гостински соби, 4 апартмани, ресторан и бар. Сите соби се опремени со бања, сателитски ТВ приемник и директна телефонска линија. Хотелот Спорт нуди сместување во ски центарот Маврово, преку целата година. Ресторанот нуди голем избор од морски специјалитети, голем избор од интернационални специјалитети и традиционални македонски јадења. Од другите содржини тука е барот, како и новиот надворешен загреан базен.
Во цената вклучено е:
– Полупансион (доручек + вечера)
– Бесплатен Wi-Fi интернет
– Користење на СПА центар – хотел Бистра (затворен базен, џакузи, сауна, парна бања)
– Користење на СПА центар – хотел Спорт (отворен затоплен базен, сауна)
– Гостите сместени во хотел Смрча, со претходна најава можат да ја користат услугата СПА центар
во хотел Бистра или хотел Спорт
– Кафе/чај во соба за добредојде
– Туристичка такса
– Јавен паркинг (без резервација)
– Пријавување во соба: после 14:00 часот
– Одјава од соба: до 10:00 часот
Услови за резервација:
– Резервацијата се смета за валидна, со извршена целосна уплата
– Секоја промена или откажување направено помалку денови од деновите дадени во табелата,
ќе биде наплатено 100% од вкупниот износ
– No-Show ќе биде наплатен 100% од вкупниот износ
Дополнителни услуги:
– Дополнителен оброк: 15 Еур
– Милениче: 5 Еур од вечер (најмногу 2 во соба)
– Рано пријавување во соба од 08:00 часот: доплата 40% од сумата за 1 ноќевање
– Доцна одјава од соба до 18:00 часот: доплата 40% од сумата за 1 ноќевање
Курс: 1 ЕУР = 62 МКД
Напомена: Цените се валидни за плаќање во готово (кеш) или на фактура.
Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.
© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel