LAST MINUTE – 09.07-19.07.2023
1/4 DPLX – 645 €
1/5 DPLX – 690 €
1/6 DPLX – 740 €
*ЗА ПЛАЌАЊЕ СО КАРТИЧКА ПОПУСТОТ СЕ НАМАЛУВА ЗА 2%
LAST MINUTE – 09.07-19.07.2023
1/4 DPLX – 645 €
1/5 DPLX – 690 €
1/6 DPLX – 740 €
*ЗА ПЛАЌАЊЕ СО КАРТИЧКА ПОПУСТОТ СЕ НАМАЛУВА ЗА 2%
SOTOS House се наоѓа во центарот на Ставрос, 100м од кружниот тек и затворената пешачка улица, 200м од најблиската плажа и околу 250м од плажата Платани. Објектот во својот состав има дуплакс апартмани за 4 до 6 лица и триплекс апартман за сместување до 10 лица. Сместувачките единици се на приземје, на 1., 2. и 3, кат. Во дуплексите клима уред има само во ходникот, додека во триплексот има во ходникот и во една спална соба. Дуплексите на приземје имаат терасен простор, додека дуплексите на кат и триплексот од секоја соба имаат излез на тераса. Сместувачките единици имаат основно опремена кујна со трпезарија, комарници, купатило (секој дуплекс и триплексот имаат по 1 купатило), тераса или терасен простор со гарнитура за седење, ТВ и клима уред чие користење се доплаќа (во дуплексите 7 еур на ден, во триплексот 12 еур на ден, на лице место. Нема пешкири, а промената на постелнината е на половина од смената. Има бежичен WI–FI интернет, за чија брзина агенцијата не може да гарантира. Објектот нема сопствен паркинг. Објектот е pet friendly
Цените се во евра, плаќањето е во денари по курс 1 еур = 62 ден
ОПИС:
1/4 ДУПЛЕКС
во една просторија кујна со трпезарија, во другата 2 единечни кревети, во третата 2 единечни кревети
1/4+1 ДУПЛЕКС
во една просторија кујна со трпезарија, во другата 1 потесен брачен (190х120см) и 1 единечен кревет, во третата 2 единечни кревети
1/4+2 ДУПЛЕКС
во една просторија кујна со трпезарија, во другата 1 потесен брачен (190х120см) и 1 единечен кревет, во третата 1 потесен брачен кревет (190х120см) и 1 единечен кревет
ТРИПЛЕКС
во една просторија кујна со трпезарија, во другата 1 потесен брачен (190х120см) и 1 единечен кревет, во третата 1 потесен брачен кревет (190х120см) и 1 единечен кревет и во четвртата 1 брачен и 2 единечни кревети
НАПОМЕНИ:
– Влезот во сместувачките единици е од 15:00 часот првиот ден, а напуштањето е до 09:00 часот последниот ден.
– За хигиената во сместувачката единица се грижат гостите. Евентуална неисправност и недостаток во сместувачките единици гостинот е должен да ја пријави на претставникот на агенцијата организатор. Секоја направена штета гостинот е должен да му ја надомести на сопственикот на објектот пред напуштање на истиот. При влез во сместувачката единица гостинот е должен да го преконтролира инвентарот и секој недостаток да го пријави на претставникот или на сопственикот. Секоја оштетување кое постоело во студиото/апартманот пред влезот, а не било пријавено, ќе се третира како штета предизвикана од гостите кои во моментот престојуваат во објектот. Гостите се должни да го почитуваат куќниот ред на објектот, во спротивно сопственикот има право да им го скрати правото на престој, а организаторот нема да ја преземе одговорноста за тоа нити е должен да ги обештети гостите за неискористениот дел од услугата.
– Димензиите на креветите во Грција се разликувааат од нашите стандарди. Грчки стандард за единечен кревет е ширина 75-90цм и должина 180-200 цм, за француски 120-150цм ширина и 180-20 цм должина. Помошните кревети се на расклопување, со дрвена или местална конструкција или фотељи на расклопување со помали димензии.
– Најголем дел од објектите во Грција користат систем на соларни бојлери за затоплување на водата, што подразбира нешто пониска температура на водата и помал притисок во одредени делови од денот од оние на кои сме навикнати.
– Организаторот има право по пат на LAST MINUTE понуда да ги продаде свиоте преостанати капацитети по цени различни од објавените во ценовникот. Патниците кои уплатиле по објавените цени намаат право да побаруваат надомест за разликата во цена.
– Патниците се должни да ги почитуваат важечките законски и царински прописи на двете земји.
– Потписникот на договорот за патување е должен да ги извести сите патници во договорот за сите услови од истиот.
– Должност и одговорност на патниците е важноста на патните исправи. Патниците кои патуваат со пасоши на други држави се должни сами да се информираат и запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и да ги извршат потребните активности поврзани со визирање на своите пасоши.
Во случај патниците да не добијат виза за престој во избраната земја, агенцијата не презема никаква одговорност и ќе се смета за отказ на патување од страна на патникот и ќе се применуваат утврдените условите од Општите услови на патување на организаторот на патување.
– Ве молиме внимателно да ги прочитате Општите услови за патување кои се составен дел од оваа програма.
Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.
© Copyright Art of Travel