HOTEL PRIMAVERA 3* - Valona

AЛБАНИЈА - ЛЕТО 2021

УСЛУГА

BB

Оддалеченост од плажа

30 m

Албанија

Валона

 Hotel Primavera 3*се наоѓа во Валона, на прекрасна локација, на најголемото туристичко шеталиште во градот и на 30м од градската плажа. Сите соби се опремени со ТВ, тоалет, тераса со страничен поглен кон морето и шеталиштето, паркинг, клима и WIFI. Хотелот поседува свој ресторан каде се служи појадокот. Препорака е за сите кои сакаат економичен одмор на одлична локација, блиску до центарот и градската плажа.

СЛИКИ И УСЛОВИ

За валидна резервација е потребна уплата од мин. 30% од вкупната сума, во денарска противвредност по курс 1 еур=62 ден. Останатиот дел се доплаќа најдоцна 10 дена пред поаѓање.

*Цените се валидни за плаќање во готово и на фактура.

 

УСЛОВИТЕ ЗА ЦЕНОВНИК ПАКЕТ 7 НОЌИ

·   Цените во табелата се однесуваат по лице 8 дена / 7 ноќевања со појадок 

·   Дете од 4-12 години плаќа 50 €

·   Сместувањето е првиот ден по 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 10.00 часот

·   За уплата на два последователни термини одобруваме 10% попуст на вториот термин

·   Појадокот се служи во ресторанот на хотелот

·   Употреба на клима е вклучена во цената

·   Вилата поседува бесплатно WIFI

·   Препорачуваме патничко осигурување

·   Агенцијата нема одговорност за трансфер до вилата доколку користите превоз од друга компанија.

·   Согласно моменталните протоколи за организиран автобуски превоз пополнетоста е 75% од вкупниот капацитет. Патниците се должни да ги почитуваат безбедносните мерки /задолжително носење на маска/

 

ПРЕВОЗ:

·      Цена на повратен билет – 45 евра;

·      Деца до 2 години бесплатно (без седиште);

·      Деца од 2-12 год. – 35 евра

 

Превозот со автобус / минибус се извршува до туристичката дестинација односно до местото каде што е дозволено застанување на автобусот а да е во  близина на хотелот

Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од автобусот до хотелот

Патувањето за Валона се реализира преку граничниот премин Ќафасан-Струга и може да се патува со важечка лична карта или пасош не постар од 3 месеци.

 

 

Време на поаѓање за Валона:

01:00h Штип (Нова пошта)

01:30h Куманово (Окта автопат, рафинерија)

02:00h Скопје (Хотел Вип)

02:45h Тетово (Влез на Макпетрол)

03:45h Кичево (бензинска пумпа Лукоил)
04:45h Охрид (Влез аеродром)
05.00h Струга (кружниот тек излез)

 

Важни информации:

·  Ги молиме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето доколку користат превоз.

·  Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

·  Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети)

·  Превозот ги остава патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус/минибус

·  Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)

·  За отказ на резервација во “рана уплата” или резервации во “последен момент”, не се враќа уплатениот износ

·  За резервација на аранжманот е потребна уплата од мин. 30% од вкупната сума

·  За рана уплата со попуст потребна е уплата од 50% од цената на аранжманот

·  Важат Општите услови на Организаторот        

Барање за резервација

Можеби ќе Ви се допадне

HOT SPRINGS Medical & Spa Hotel ****+ – Banya Bansko

MPM MERRYAN Hotel *** – Pamporovo

NIK POPI – Leptokarija, Pieria

ZEPPOS GARDEN – Neos Marmaras, Sithonia

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel