Hotel Primavera 3*се наоѓа во Валона, на прекрасна локација, на најголемото туристичко шеталиште во градот и на 30м од градската плажа. Сите соби се опремени со ТВ, тоалет, тераса со страничен поглен кон морето и шеталиштето, паркинг, клима и WIFI. Хотелот поседува свој ресторан каде се служи појадокот. Препорака е за сите кои сакаат економичен одмор на одлична локација, блиску до центарот и градската плажа.
За валидна резервација е потребна уплата од мин. 30% од вкупната сума, во денарска противвредност по курс 1 еур=62 ден. Останатиот дел се доплаќа најдоцна 10 дена пред поаѓање.
*Цените се валидни за плаќање во готово и на фактура.
УСЛОВИТЕ ЗА ЦЕНОВНИК ПАКЕТ 7 НОЌИ
· Цените во табелата се однесуваат по лице 8 дена / 7 ноќевања со појадок
· Дете од 4-12 години плаќа 50 €
· Сместувањето е првиот ден по 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 10.00 часот
· За уплата на два последователни термини одобруваме 10% попуст на вториот термин
· Појадокот се служи во ресторанот на хотелот
· Употреба на клима е вклучена во цената
· Вилата поседува бесплатно WIFI
· Препорачуваме патничко осигурување
· Агенцијата нема одговорност за трансфер до вилата доколку користите превоз од друга компанија.
· Согласно моменталните протоколи за организиран автобуски превоз пополнетоста е 75% од вкупниот капацитет. Патниците се должни да ги почитуваат безбедносните мерки /задолжително носење на маска/
ПРЕВОЗ:
· Цена на повратен билет – 45 евра;
· Деца до 2 години бесплатно (без седиште);
· Деца од 2-12 год. – 35 евра
Превозот со автобус / минибус се извршува до туристичката дестинација односно до местото каде што е дозволено застанување на автобусот а да е во близина на хотелот
Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од автобусот до хотелот
Патувањето за Валона се реализира преку граничниот премин Ќафасан-Струга и може да се патува со важечка лична карта или пасош не постар од 3 месеци.
Време на поаѓање за Валона:
01:00h Штип (Нова пошта)
01:30h Куманово (Окта автопат, рафинерија)
02:00h Скопје (Хотел Вип)
02:45h Тетово (Влез на Макпетрол)
03:45h Кичево (бензинска пумпа Лукоил)
04:45h Охрид (Влез аеродром)
05.00h Струга (кружниот тек излез)
Важни информации:
· Ги молиме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето доколку користат превоз.
· Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.
· Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети)
· Превозот ги остава патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус/минибус
· Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
· За отказ на резервација во “рана уплата” или резервации во “последен момент”, не се враќа уплатениот износ
· За резервација на аранжманот е потребна уплата од мин. 30% од вкупната сума
· За рана уплата со попуст потребна е уплата од 50% од цената на аранжманот
· Важат Општите услови на Организаторот
Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.
© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel