На околу 100 метри од плажата, во мирниот дел на Неа Рода на третиот крак Атос, веднаш пред апартхотелот Lazaridis се наоѓа куќата Lena. Располагаме со двокреветни, четирикреветни и петкреветни студија и апартмани на приземје и на прв кат. Сите сместувачки капацитети се опремени со мебел, мини кујна, телевизор и клима уред, чие користење е вклучено во цената. Не е дозволено да оставате вклучен клима уред, доколку не сте во апартманот. Во спротивно сопственикот има право да го исклучи. Сите сместувачки капацитети имаат сопствени купатила и пространи тераси. Опремени се со постелнина и пешкири, кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата куќа е со сончеви колектори. Куќата е покриена со бежичен интернет. Агенцијата не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Веднаш пред куќата има простор за паркирање на возила.
– Цените се за наем на сместувачка единица без превоз
– Секое лице мора да има свое легло
– Туристичка такса 1.5 еур по сместувачка единица се плаќа со резервација
– Влез во сместувачките единици е по 14ч, а напуштање до 09ч (локално време)
– Превоз: возрасен 50 еур повратен билет, деца од 2-12 год 40 еур, деца до неполни 2 год бесплатно (без седиште)
*секој патник со седиште има право на еден голем куфер и една мала патна торба! Патниците сами ги пренесуваат патните торби од превозното средство до објектот за сместување!
*Превозно средство застанува на најблиска можна локација до куќата!
Во студијата и апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
Сместувањето е првиот ден по 14.00 часот по локално време, а собите се напуштаат последниот ден до 09.00 часот по локално време
Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс 62 денари!
Доплата за туристичка такса во Грција-1,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенција)
Организиран превоз Скопје – Неа Рода
– Тргнување од Скопје во 04.00 часот
– Цена на повратен билет – 50 евра; деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год. – 40 евра
Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.
© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel