ЗА РЕЗЕРВАЦИИ И КОМПЛЕТНА УПЛАТА ДО 20.12.2024
30% ПОПУСТ ЗА ПРВАТА И ПОСЛЕДНАТА СМЕНА
25% ПОПУСТ ЗА ВТОРАТА СМЕНА
15% ПОПУСТ ЗА ТРЕТАТА СМЕНА
10% ПОПУСТ ЗА СИТЕ ОСТАНАТИ СМЕНИ
*За плаќање со картичка попустот се намалува за 2%
ЗА РЕЗЕРВАЦИИ И КОМПЛЕТНА УПЛАТА ДО 20.12.2024
30% ПОПУСТ ЗА ПРВАТА И ПОСЛЕДНАТА СМЕНА
25% ПОПУСТ ЗА ВТОРАТА СМЕНА
15% ПОПУСТ ЗА ТРЕТАТА СМЕНА
10% ПОПУСТ ЗА СИТЕ ОСТАНАТИ СМЕНИ
*За плаќање со картичка попустот се намалува за 2%
На околу 150 метри од плажата, во мирниот дел на Неа Рода, на третиот крак Атос, се наоѓа хотелот од апартмански тип Lazaridis, каде располагаме со трокреветни студија (со фотеља на расклопување), на високо приземје и прв кат. Сите сместувачки капацитети се опремени со мебел соодветен на хотелско сместување, мини кујна, телевизор и клима уред, чие користење е вклучено во цената. Не е дозволено да оставате вклучен клима уредот, доколку не сте во студиото. Во спротивно сопственикот на куќата има право да го исклучи. Студијата имаат сопствени купатила и пространи тераси со поглед на море. Сите сместувачки капацитети се опремени со постелнина и пешкири, кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата куќа е со бојлери. Куќата е покриена со бежичен интернет. Агенцијата не може да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Во непосредна близина на објектот има простор за паркирање на возила. Апартхотелот Lazaridis има рецепција, сеф, снек бар, прекрасна тераса, која можат да ја користат сите гости на хотелот, а во хотелот има можност за појадок (со доплата на рецепција). До центарот на ова живописното приморско место имате десетина минути бавно пешачење, а доколку се одлучите да ги посетите околните плажи, тогаш изборот задолжително нека биде на атрактивната плажа Voulitsa, која уште на првата средба ќе Ве остави без здив (се наоѓа во непосредна близина на хотелот). На 4,5 км. од хотелот пак се наоѓа фантастичната песочна плажа Komitsa, која токму заради својата раскошна убавина е на листата на светските културни богатства и е под заштита на УНЕСКО како подрачје со природна убавина.
Напомена: Во студијата можат да се сместат најмногу 3 лица – двајца возрасни и дете до неполни 12 години. Во овие студија не е дозволено да се сместуваат 4 лица – двајца возрасни и две деца без оглед на возраста на децата.
– Цените се за наем на сместувачка единица без превоз
– Секое лице мора да има свое легло
– Туристичка такса 1.5 еур по сместувачка единица се плаќа со резервација
– Влез во сместувачките единици е по 14ч, а напуштање до 09ч (локално време)
– Превоз: возрасен 50 еур повратен билет, деца од 2-12 год 40 еур, деца до неполни 2 год бесплатно (без седиште)
*секој патник со седиште има право на еден голем куфер и една мала патна торба! Патниците сами ги пренесуваат патните торби од превозното средство до објектот за сместување!
*Превозно средство застанува на најблиска можна локација до куќата!
Во студијата и апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
Сместувањето е првиот ден по 14.00 часот по локално време, а собите се напуштаат последниот ден до 09.00 часот по локално време
Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс 62 денари!
Доплата за туристичка такса во Грција-1,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенција)
Организиран превоз Скопје – Неа Рода
– Тргнување од Скопје во 04.00 часот
– Цена на повратен билет – 50 евра; деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год. – 40 евра
Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.
© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel