Grand Hotel Thеrme се наоѓа на периферијата на прекрасното село Бања, на ободите на столетна борова шума. Првите впечатоци на гостите за уникатноста на хотелот започнуваат веднаш штом ќе влезат и ќе поминат низ пространото лоби, кое им дава чувство на бесконечност. Тоа е засилено со дизајнерскиот алпски покрив и атриум во средината, кој започнува од приземјето и стигнува до таванот. Сè е во природни топли бои и материјали – гранит, дрво/јавор/, кожа и мермерни облоги. Површината на хотелот е 27.000 м2 и се состои од хотелски дел со 160 соби, 3 трикатни згради со 40 апартмани, 19 одвоени и терасовидни вили. Спа просторот зафаќа огромни 5.000 квадратни метри. Во близина се наоѓа голем фитнес центар од ланецот Pulse Fitness & Spa. Спа центарот на Therme нуди поволности што не можете да ги добиете никаде на друго место со своите разновидни спа содржини, кои ви гарантираат мирно и релаксирачко искуство. Сите внатрешни и надворешни базени се со минерална вода, која извира во непосредна близина, со температура од 56 степени. Капацитетот на спа центарот, кој е прв во Бугарија со вакви карактеристики, е до 500 лица истовремено.
Цената вклучува:
1 ноќевање по соба (за 2 лица) на одбраната усуга, бесплатно користење на надворешниот базен со минерална вода и темп. од 39С, лакониум, хербална сауна, финска сауна, арома сауна, арома парна бања со шок базен, бежичен интернет
За валидна резервација е потребна уплата од мин. 50% од вкупната сума во денарска противвредност, по курс 1 еур=62 ден. Останатиот дел се доплаќа најдоцна 21 ден пред поаѓање.
Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.
© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel