Dionisiou House - Paralia Dionisiou, Solunska Regija

ЛЕТО 2023

Превоз

Сопствен
Автобуски

Оддалеченост од плажа

50 m

Грција

Солунски Залив>Паралија Дионисиу

Куќа „Дионисиос апартментс“ е лоцирана на 40-50 метри од морето и песочната плажа, во мирен дел на Дионисиос. Студијата и апартманите кои се наоѓаат на вториот и на третиот кат од куќата се целосно реновирани пред летото 2018 и лето 2019 година. Тие се со комплетно опремени кујни, ЛЦД-телевизори, сопствен тоалет, клима и интернет, кои се вклучени во цената. Терасите се свртени кон улицата, странично и директно кон морето.

СЛИКИ И УСЛОВИ

Напомени и услови:

–         Цените во табелите 1 и 3 или вонсезонски се објавени по лице за пакет аранжман од 7 ноќевања со вклучен превоз. Доколку се патува со сопствен превоз се одбиваат по 10 евра од првите 2 лица или 20 евра од вкупната – финална цена на аранжманот

–         Цените во табелата 2 или сезонски се објавени за наем на студио или апартман за 2,3 или 4 лица, во истите може да престојуваат помалку лица но не повеќе од 2, 3 или 4 возрасни и 1 дете до 2,99 години, при тоа цената останува непроменета – иста

–         Цената за автобуски превоз изнесува:

o   3.100 денари (50 евра) за возрани

o   2.480 денари (40 евра) за деца до 11,99 години

–         Термините во табелата се денови на започнување и на завршување на аранжманот

–         За патниците кои користат организиран превоз тргнувањето од Скопје е во 3:00 часот на паркингот спроти хотел Холидеј Ин, а состанок на групата е во 2:30 часот. Агенцијата – организатор на патувањето го задржува правото за промена на времето и местото на тргнување, ве молиме минимум 24 часа пред секое тргнување да се информирате за потврда на времето и местото.

–         Патничкото – здравствено осигурување кое е задолжително не е вклучено во цената на аранжманот

–         Цените објавени во табелите се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денарска противвредност (1 евро = 62 мкд)

–         Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на промоција или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Клиентите кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена

–         Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Официјална е единствено онаа резервација направена со уплата од најмалку 30% од вкупната сума на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот, а според Општите услови за патување кои се составен дела на секој меѓусебно потпишан Договор за патување се врши најдоцна 15 дена пред терминот на тргнување

–         Сместување во собите е од 14:00 – 15:00 а напуштање на истите е најдоцна до 9.00 часот по локално време

–         За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите истата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место

–         Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 0,50 евра на ден по студио/ апартман

–         Цените објавени во табелите се конечни, без скриени – дополнителни трошоци

–         Агенцијата не може и нема да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда

–         Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата

–         Секој патник има обврска  да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко – здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во агенцијата
За овој аранжман важат Општите услови за патување

Можеби ќе Ви се допадне

ANASTASIA – Stavros, Strimonikos

GRAND YAZICI CLUB MARMARIS PALACE ***** – Marmaris

ANDONIS – Nea Flogita, Solunska regija

GREGORY – Potos, Thassos

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel