Christina House - Nea Flogita, Solunska Regija

ЛЕТО 2025

Превоз

Сопствен
Автобуски

Оддалеченост од плажа

30 m

Грција

Солунски Залив>Неа Флогита

 20% попуст уплата на 50% аванс со резервација до 03.12.2024 и целосна доплата до 31.12.2024

*ЗА ПЛАЌАЊЕ СО КАРТИЧКА ПОПУСТОТ СЕ НАМАЛУВА ЗА 2%

Куќа Christina се наоѓа на одлична местоположба, идеална локација, на само 30 метри од плажа, веднаш до Filetakia Gyro на почетокот на шеталиштето во Неа Флогита, кај паркингот. Куќата располага со еден дуплекс апартман во нашата понуда. Користење на клима уредот и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Има паркинг пред куќата.

 

Дуплекс апартман број 1 (1/4) – дуплекс апартманот се наоѓа на прв кат. Има пространа голема тераса со страничен убав поглед море. Има одделена посебна голема целосно опремена кујна, сопствен тоалет и пристоен мебел, има 2 одвоени спални соби, со брачен кревет во една спална и 2 стандардни одделени кревети во друга спална соба.

 

40.257452, 23.218340

СЛИКИ И УСЛОВИ

Напомени и услови:

ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
ВО ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ за сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ.
Во вонсезонските цени во дуплекс апартман плаќаат минимум 4 лица.
·        ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА ДУПЛЕКС АПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во истиот, без вклучен превоз, а превозот се доплаќа:

·        За возрасни 3.100 мкд. (50 евра), еден правец 2.480 мкд. (40 евра)

·        За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра),еден правец2.170  мкд. (35евра)

·        Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште

Во дуплекс апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете под 6 години во кревет со возрасен.
Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска против вредност (1евро=62мкд).
Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.
Организаторот на патувањето го задржува правото по патна ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 15 дена пред терминот на поаѓање.
Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 1,50 евра на ден по студио/апартман.
Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Агенцијата НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во агенцијата и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

Можеби ќе Ви се допадне

COSY – Parga, Jonski Breg

CORAL BLUE Hotel *** – Gerakini, Sithonia

ANTONIOS *** – Limenaria, Tasos

ONIRO Boutique Hotel **** – Toroni, Sithonia

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel