Blue Dream House - Kalithea, Kassandra

ЛЕТО 2025

Превоз

Автобуски
Сопствен

Оддалеченост од плажа

200 метри

Грција

Халкидики>Касандра>Калитеа

15% попуст за целосна уплата до 01.02.25
10% попуст за целосна уплата до 01.03.25
Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и Не важат за првиот термин

*ЗА ПЛАЌАЊЕ СО КАРТИЧКА ПОПУСТОТ СЕ НАМАЛУВА ЗА 2%

Blue Dream се наоѓа во центарот на Калитеа, помеѓу втората и трета пешачка улица и околу 200 m од плажа. Комплетно реновирана куќа, располага со четири апартмани со една спална за 4 и 5 лица, на прв кат. Опремени се со: кујна (со прибор за онолку лица према број на легла, фрижидер..), тоалет, туш, пространи балкони со поглед кон градот и шеталиштето, телевизор, гардеробер, клима и интернет – БЕСПЛАТНИ. Распоредот на легла според апартманите е следен: апартман No1 и No2 за четири лица: две единечни легла во кујната и брачен во спалната соба, од каде што се излегува на терасата. Апартман No3 за пет лица: еден единечен кревет во кујната и два единечни + брачен кревет во спалната, од каде се излегува на две тераси. Апартман No4 за пет лица: три единечни легла во кујната и брачен кревет во спалата, од каде се излегува на голема тераса. Гостите со сопствени возила можат да паркираат на улицата пред куќата. 

СЛИКИ И УСЛОВИ

НАПОМЕНА

– Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то, 4-то и 5-то лице БЕСПЛАТНО сместување;
– Цените за 7 ноќи/8 дена (со *), се дадени за наем на цел апартман без вклучен превоз;
– Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
– Во апартман со една спална плаќаат минимум 2 лица | 3-то, 4-то и 5-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;
– Во апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни – БЕСПЛАТНО;
– Поради генерално чистење на студијата после секоја смена се напуштаат во 10:00, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);
– Хигиената си ја одржувате сами за време на престојот;
– Превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Неготино / Гевгелија;
– Автобусот ги остава/зема патниците на околу 150m од вилата.
– Клима – БЕПЛАТНА!!
– Wi-Fi интернет – БЕСПЛАТЕН!!
Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и Не важат за првиот термин.
________________________________________

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

– За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;
– За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (без *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице;
– Доплата за превоз: 45€ за возрасни / 35€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
Доплата за туристичка такса – 2€ од соба од ноќ (се плаќа при резервација во агенција);

 

Можеби ќе Ви се допадне

Hotel Elysium 4*– Dhermi

ALEXANDROS – SAKIS II – Toroni, Sithonia

PENNY – Hanioti, Kassandra

AGNADI – Sarti, Sithonia

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel