Хотелот се наоѓа централно на плажата во Бечиќи, оддалечен 4 km од Будва и 1 km од Рафаиловиќи со кој е поврзан со пешачка патека. Опкружен со многу зеленило и е идеален за економичен семеен одмор. Бесплатна анимација со разновидни интересни активности за деца и возрасни почнува во 09:00 часот наутро и трае се до доцните вечерни часови. Во својата понуда хотелот има 116 сместувачки единици, од кои 5 апартмани. Секоја соба е со клима, фрижидер, кабловска ТВ. Од останатите бесплатни содржини тука се: теретана, спортски терени (мал фудбал, ракомет, кошарка, одбојка), интернет, билијар, мини голф, пинг понг, детско игралиште со клацкалки, тобогани и справи за качување, паркинг, лежалки на целата хотелска територија, 20% попуст за слаткарата и a la carte ресторанот, 24-часовно обезбедување, каде што лицата кои не се гости на хотелот задолжително треба да се најават. Услугата е на база полупансион (појадок/вечера – шведска маса).
Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.
© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel